Бертам Невил Брокхаус ( — ) — канадски физичар. Тој бил награден со Нобеловата награда за физика во 1994 (поделена со Клифорд Шал) „за развојот на неутронската спектроскопија“ и „за пионерски придонеси кон развојот на техниките на неутронско расејување за проучување на кондензираната материја".

Живот Брокхаус се родил во Летбриџ, Алберта. Тој дипломирал во Британскиот колумбиски универзитет во 1947, магистрирал во Торонтскиот универзитет во 1948, а докторирал во 1950.

Од 1950 до 1962, Брокхаус спровел истражување во Чалк Риверовата јадрена лабораторија за атомска енергија на Канада. Тука тој бил придружен од П. К. Јенгар, кој се смета за татко на индискиот јадрен програм.

Во 1962, тој станал професор во МекМастеровиот универзитет во Канада, каде останал сè до неговото пензионирање во 1984.

Награди и признанија Тој ја споделил Нобеловата награда за физика во 1944 со американецот Клифорд Шал од Масачусетскиот институт за технологија за развојот на неутронските спектроскопски техники за проучување на кондензирани материи.

Во 1982, Брокхаус станал офицер на Поредок на Канада и бил унапреден на придружник во 1995.

Во октомври 2005, како дел од седумдесет и петтата прослава од основањето на МекМастеровиот универзитет во Хамилтон, Онтарио, Канада, улица на универзитетскиот кампус ("University Avenue") била преименувана во „Брокхаус Веј“ во чест на Брокхаус. Градот Дип Ривер, Онтарио исто така има именувано улица во негова чест.

Нобеловата награда која ја добил Бертам Брокхаус (споделена со Клифорд Шал) во 1994, најмногу се чекало да биде доделена (почнувајќи од времето кога истражувањето започнало).

Во 1999 одделението за кондензирана материја и материјална физика и Канадското здружение на физичари создале медал во чест на Брокхаус. Медалот е наречен „Брокхаусов медал“ и се доделува како препознавање и охрабрување на исклучително експериментални или теоретски придонеси во кондензираната материја и материјалната физика. Овој медал се доделува на годишно ниво на основа на исклучително експериментални или теоретски придонеси во физиката на кондензираната материја. Услов за учество е тоа што кандидатот првенствено треба да го изврши истражувањето со канадска институција.

Наводи

Надворешни врски science.ca profile Bertram Brockhouse Nobel site

Категорија:Канадски физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Канадски нобеловци Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Спектроскопичари Категорија:Членови на Кралското друштво на Канада Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките