Чарлс Хард Таунс ( — ) — американски физичар, нобеловец и пронаоѓач. Таунс бил познат по неговата работа околу теоријата и примената на масерот, со кој основал патент, и друга работа на полето на квантната електроника поврзано со масерските и ласерските уреди. Тој ја поделил Нобеловата награда за физика во 1964 со Николај Басов и Александар Прохоров.Charles Townes — the Maser and the Laser, Office of Scientific and Technical Information, United States Department of EnergyCharles H. Townes — Biographical , Nobel Prize
Рани години Таунс се родил во Гринвил, Јужна Каролина, син на Елен Самтер Таунс (Хард; 1881-1980) и Хенри Кит Таунс (1876-1958), адвокат. Тој добил дипломи во Фурмановиот универзитет. Таунс ја завршил работата за дипломата магистер на науки по физика во Дјукскиот универзитет во 1936, а потоа се запишал во Калифорнискиот институт за технологија, каде ја добил неговата докторска диплома во 1939. За време на Втората светска војна тој работел на радарски бомбашки системи во Беловите лаборатории.
Кариера
Таунс бил избран за професор во 1950 во Колумбиски универзитет. Тој работел како извршен директор во колумбиската лабораторија за зрачење од 1950 до 1952. Тој бил директор на одделот за физика од 1952 до 1955.
Теоретичари како Нилс Бор и Џон фон Нојман се сомневале во веројатноста за создавање на масер. Нобеловците Исидор Ајзек Раби и Поликарп Куш добиле финансиски средства за нивното истражување од истиот извор како и Таунс. Три месеци пред првиот успешен експеримент, тие пробале да го запрат: „Види, треба да престанеш со работата која ја правиш. Нема да успее. Ти знаеш дека нема да успее, ние знаеме дека нема да успее. Само си ги трошиш парите, едноставно престани!“
Како член на Обединетата Христова црква, Таунс сметал дека „науката и религијата се прилично паралелни, многу послични отколку другите луѓе што мислат и дека на крајот, тие мора да се спојат.“Harvard Gazette June 16, 2005 Laser's inventor predicts meeting of science, religion
Во 1953, Таунс, Џејмс Гордон и Зигер го изградиле првиот амонијашки масер во Колумбискиот универзитет. Овој уред користел стимулирана емисија во прилив на енергетизирани молекули на амонијак за да дојде до засилување на микробрановите на честота од околу 24.0 гигахерци.
За неговото создавање на масерот, Таунс заедно со Николај Басов и Александар Прохоров ја добил Нобеловата награда за физика во 1964.
Таунс исто така ја пионеризирал употребата на масерите и ласерите во астрономијата, како дел од тимот кој прв ги открил комплексните молекули во вселената и ја одредил масата на супермасивната црна дупка во центарот на Млечниот Пат.
Помеѓу 1966 и 1970, тој бил директор на НАСА научниот советодавен комитет за Аполо проектот за месечево слетување.
Во последните неколку години, Таунс работел како предавач на Карл Шварцшилд во Германија и предавач на Бирла и Ервин Шредингер во Индија.
Личен живот Таунс се оженил со Френсис Х. Браун во 1941. Тие живееле во Беркли, Калифорнија. Тие имале четири ќерки, Линда Роузвин, Елен Андерсон, Карла Кеслер и Холи Таунс.
Таунс починал на деведесет и девет годишна возраст во Оукленд, Калифорнија, на 27 јануари 2015.
Почести и награди
Таунс е широко познат за неговата научна работа и водство. 1956 — избран за член на Националната академија на науките. 1957 — избран за соработник на Академијата на науките и уметностите на САД. 1958 — награден со Комстокова награда за физика од Националната академија на науките. 1959 — награден со Ричмејеровата спомен награда од Американското здрушение на професори по физика. 1961 — Richtmyer Дејвид Сарнофиева електронска награда доделена од Институтот за електично и електротехничко инженерство, а исто и Румфордова награда доделена од Академијата на науките и уметностите на САД. 1962 — Џон Џ. Картиева награда за напредок во науката доделена од Националната академија на науките. 1962 — Стјуарт Балантинов медал доделен од Франклиновиот институт. 1963 — Јангов медал и награда, за истакнати истражувања на полето на оптиката доделени од Институтот за физика. 1964 — Нобелова награда за физика со Николај Басов и Александар Прохоров за придонес во основоположничката работа во квантната електроника која довела до создавање на масерот и ласерот. 1979 — Бил награден со Нилс Боровиот меѓународен медал, за придонес во мирољубивата употреба на атомската енергија. 1980 — Таунс бил примен од страна на неговата домашна држава во Холот за наука и технологија на Јужна Каролина,а исто така бил награден со цитат. 1982 — Тој го добил Националниот научен медал, доделен од претседателот Роналд Реган. 1983 — назначен во Папската академија на науките. 1994 — избран за странски чнел на Руската академија на науките. 1996 — награден со Фредерик Ивиев медал од Оптичкото друштво на САД 1997 — Јанскиево предавање пред Националната радиоастрономска опсерваторија 1998 — награден со Раселово предавање од Американското астрономско друштво. 2000 — награден со Ломоносов златен медал од Руската академија на науките. 2003 — награден со Телјурајдска фестивалска награда за технологија во Телјурајд (Колорадо). 2004 — награден со Италијанско друштво за оптика и фотоника (SIOF) медал "Galileo". 2005 — награден со Темпелтонова награда за „напредок во истражувањето или откритијата околу духовните реалности“. Тој исто така бил награден со леКонтиева плакета. 2006 — Заедно со соработникот Рај Реди, Таунс бил награден со Ваневар Бушиевата награда за доживотни придонеси и државништво во науката 2008 — На 24 мај Таунс добил почесен докторат за хумани писма од Редленскиот универзитет. 2010 — SPIE златен медал 2011 — на 14 мај Таунс добил почесен докторат за наука од Тексаскиот универзитет 2012 — награден со Награда „Златна гуска“ за владино-основано истражување со неочекувани апликации 2012 — награден со Ненси ДеЛој Фицрој и Роланд Фицроев медал од Американското друштво на машински инженери
Одбрани објавени дела Делата на Таунс биле широко објавени во книги и рецензирани статии, меѓу кои:
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Експериментални физичари Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Истражувачи на ласерот Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Носители на Националниот научен медал Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Спектроскопичари Категорија:Американски пронаоѓачи Категорија:Американски нобеловци Категорија:Наградени од Националната академија на науките на САД Категорија:Апсолвенти на Калифорнискиот технолошки институт Категорија:Американски јадрени физичари Категорија:Странски членови на Руската академија на науките Категорија:Членови на Папската академија на науките Категорија:Странски членови на Индиската национална академија на науките Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Членови на Американската академија на инженерството