Расипана Црква — археолошко наоѓалиште во прилепското село Долгаец. Претставува црква и некропола од непознат период. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека на западната страна од селото, во близина на куќите се наоѓаат остатоци на црква со ѕидови високи и до 3 метри. Била посветена на Свети Никола. Црквата била со димензии 8 на 5 метри. Околу црквата зе забележуваат гробови во правец исток-запад.Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
Поврзано Манастириште — црква од средниот век; Мезиница — населба и некропола од римско време; Тумба — населба од неолитско време; Црквиште — црква од непознат период; Долгаец; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Долгаец