Мезиница или Грамадиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Долгаец. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на околу 2 км јужно од селото и 400 м западно од патот Костинци-Долгаец, каде се наоѓаат остатоци од темели од објекти градени од кршен камен и варов малтер, како и множество фрагменти од покривни ќерамиди. На овој простор жителите откриле гробови градени од камени плочи – тип циста. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

Поврзано Расипана Црква — црква и некропола од непознат период;Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998 Манастириште — црква од средниот век; Тумба — населба од неолитско време; Црквиште — црква од непознат период; Долгаец; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;

Наводи

Категорија:Долгаец