Основни бои (англиски: Primary Colors) е филм од 1998 година, во режија на Мајк Николс. Главните улоги ги играат: Џон Траволта, Ема Томпсон и Били Боб Торнтон. Содржина Филмот ја следи приказната за политичкиот живот и изборните кампањи при што на забавен и остроумен начин ги обработува сериозните општествени и животни прашања. Гувернерот Џек Стентон (го игра Траволта) се кандидира за претседател на САД. Тој многу лесно ги освојува симпатиите на гласачите со својот опуштен став, но уште на почетокот на кампањата, тој мора да се соочи со сексуален скандал.„Победнички бои“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр, 21.
Наводи
Категорија:Филмови на Мајк Николс Категорија:Филмови со Џон Траволта Категорија:Филмови со Ема Томпсон Категорија:Филмови со Били Боб Торнтон Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1998 година