мини

Елизабета Баковска (1969, Битола) — македонска писателка, книжевна теоретичарка и преведувачка.

Биографија Баковска е родена во 1969 година во Битола. Во 1992 година, таа дипломирала на групата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а во 2000 година магистрирала на истиот факултет. Во 2013 година, таа докторирала на родовите студии на Институтот Евро-Балкан во Скопје. Од 1998 година, таа работи во Холандската амбасада во Скопје.

Творештво Баковска пишува книжевни и критички текстови најчесто за македонското женско писмо. Таа ги објавила следниве книги: Житие на нашата љубов (поезија, 2003) Четири годишни времиња (раскази, 2004) Состојби на духот и телото по триесеттата (поезија, 2005) На пат кон Дамаск (роман, 2006) Последните голтки (раскази, 2018) Во главата пишувам песни (раскази, 2020) Во главата пишувам расказ (раскази, 2022)

Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022). Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 187-190

Баковска се занимава и со книжевен превод од англиски на македонски јазик и обратно, а освен тоа, таа е уредничка на Блесок Поезија во електронското списание „Блесок“.

Значење и влијание „Ви сакам“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 406-407.

Наводи

Надворешни врски http://www.blesok.com/avtor.asp?lang=mac&id=858#.UxmR-1Oiy80).

independent.academia.edu

www.slashdocs.com

www.mirage.com.mk

http://www.utrinski.mk/?ItemID=CD4943DDF8EA3446BC0413C553E3E771

isshskopje.podomatic.com

Категорија:Родени во 1969 година Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Магистри на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Доктори на Универзитетот Евро-Балкан