Браќани — поранешно село во западна Македонија, денес на територијата на Општина Македонски Брод.

Географија Селото се наоѓало во облеста Долно Поречие меѓу селата Могилец, Инче и Ковче. Денес во некогашниот атар на Браќани се наоѓа комплексот на фабриката „Сувенир“.

Историја Податоците од XIX век велат дека Браќани е албанско село во Поречката нахија на Кичевската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Браќани (Браканъ) има 50 жители, по народност Албанци муслимани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.

По Втората балканска војна во 1913 г. селото станува дел од Кралството Србија, како и цела Вардарска Македонија.

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. рускиот славист Афанасиј Селишчев го означува Браќани како албанско село.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.

Поврзано Долно Поречие

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Историски села во Македонија † †