Фармакокинетика е наука за кинетиката на апсорпцијата, дистрибуцијата, метаболизмот и екскрецијата на лековите.
Повеќе различни модели се развиени со цел да се поедностави концептуализацијата на многуте процеси кои се одвиваат при интеракцијата помеѓу организмот и лекот. Еден од овие модели, повеќепросторниот модел, дава најдобра апроксимација на реалноста; сепак поради комплексноста на овој модел, еднопросторниот и двопросторниот модел се најчесто користени.
Краток преглед Фармакокинетиката опишува како организмот влијае на специфичен ксенобиотик/хемиска супстанција после администрација преку механизмите на апсорпција и дистрибуција, како и метаболичките промени на супстанцијата во организмот (на пр. метаболизам посредуван од ензимите цитохром P450 или гликуронозилтрансфераза), и ефектите и патиштата на екскреција на лекот.Pharmacokinetics. (2006). In Mosby's Dictionary of Medicine, Nursing & Health Professions. Philadelphia, PA: Elsevier Health Sciences. Retrieved December 11, 2008, from http://www.credoreference.com/entry/6686418 Фармакокинетските особини на лековите се засегнати од патот на администрација и дозата. Тие може да влијаат на брзината на апсорпција.
Метрика
Наводи
Категорија:Фармакокинетика