АФК Борнмут е англиски фудбалски клуб од Борнмут, грофовијата Дорсет, кој моментално се натпреварува во Чемпионшип лигата.

Клубот е основан во 1899. Поголемиот дел од својата историја го поминал во пониските англиски дивизији најчесто помеѓу третото и четвртото ниво. Под водство на менаџерот Еди Хау, Борнмут забележал две промоции во три години и во сезоната 2015-2016 за првпат се натпреварувал во највисокото ниво на англискиот фудбал, Премиер лигата.

Прекарот на клубот e цреши. Клупските дресови, од 1972 се со вертикално наизменична црвено-црна боја, како оние на ФК Вардар или на италијанскиот Милан. Поради таа причина во сезоните 2004-2005 и 2005-2006 поминале низ процес на преуредување на дресовите, со доминација на црвената боја. Но, на барање на навивачите клубот одлучил да ја врати старата верзија на дресовите.

Борнмут има соперништва со , и .

Играчи Моментален состав

Титули Чемпионшип : 1 2014-2015

Трета дивизија : 1 1986–1987

Трофеј на фудбалската лига : 1 1983-1984

Статистика Учества во првенства Заклучно со сезоната 2024-2025 клубот се натпреварувал во следниве првенства: Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно 1º Премиер лига 82015-2016 2024-20258 2º Втора дивизија 3 1987-1988 1989-1990 7 Чемпионшип 4 2013-2014 2021-2022 3º Трета дивизија 51 1923-1924 1991-1992 69 Втора дивизија 11 1992-1993 2003-2004 Лига Еден 7 2004-2005 2012-2013 4º Четврта дивизија 8 1970-1971 1981-1982 11 Трета дивизија 1 2002-2003 Лига Два 2 2008-2009 2009-2010

Надворешни врски

Официјална страна АФК Борнмут на Soccerbase АФК Борнмут на Transfermarkt АФК Борнмут на официјалната страна на УЕФА

Борнмут Категорија:Борнмут