Бафи Убиец на Вампири е Американска телевизиска серија која започнала да се емитува од 10 март 1997 сè до 20 мај 2003. Серијата е напишана во 1997 од писател и директор Џош Ведон Заедно со неговиот тим, Mutant Enemy Productions со подоцнежниот продуцерски тим Џејн Еспенсон, Давид Фури, Давид Гринвалт, Даг Петри, Марти Ноксон, И Давид Соломон. Серијата ја прати Бафи Самерс (Играна од Сара Мишел Гелар), последната од линијата млади жени познати како Убијци на вампири или едноставно убиец. Во приказната Убијците се нарекуваат (одбрани од Судбината) да се бори против Вампири, Демони, и други сили на злото. Како и претходните убијци на вампири, Бафи е водена од чувар, кој ја води, учи и тренира. За разлика од нејзините претходници, Бафи околу себе има круг на верни пријатели кои се нарекуваат „Скуби Ганг“.

Серијата доби позитивни критики и достигна од 4 до 6 милиони гледачи од епизода.

Продукција

Почетоци

Сценаристот Џош Ведон Кажува дека "Ронда бесмртната келнерка" всушност е првиот концепт на Бафи "идејата за една жена која е незначајна да се претвори во неверојатна."{"Buffy: Television with Bite" Buffy sixth season DVD set, Disc six (2003), 2:15.

оваа првобитна идеја довела до Бафи, која произлезе од Холивудската формула "на малата руса девојка која залутува во темни сокаци и завршува убиена во секојхорор филм." Ведон сакаше да ја преобрати таа идеја и да создаде некој кој е херој." Тој објасни дека, "Првобитната идеја за шоуто беше задоволството од женската моќ: Да ја имаш, да ја употребиш, да ја поделиш."

Идејата првпат беше претставена преку филмот Бафи убиец на вампири кој излезе во 1992, со Кристи Свансон во главната улога. продуцентот, Фран Рубел Казуи, го претстави како поп комедија за тоа што всушност мислат луѓето за вампири."Фран Казуи објасни дека Бафи е напишана да биде хорор приказна за една моќна девојка но тие ја направија да биде комедија. Било разочарувачки." Havens, p. 23.</ref> Сценариото било прославено меѓу индустријата, но филмот не.

Место на снимањето

Серијата е сместена во Калифорнија град во Санидејл, Истоимената школа е сместена на Хелмауф," Портал (пролаз во светот на демоните. Хелмауф, сместена под школската библиотека, е извор на мистична енергија. Ведон кажа: "[Средна школа како пекол] отсекогаш беше суштината на шоуто. Кога ме прашаа дали сакам да го претворам филмот во серија помислив на идејата за хорор филм сетиран во средно школо, реков ова е нешто кое може да успее."</ref>

Карактери Бафи Самерс (Играна од Сара Мишел Гелар) е "Убиецот," една од многуте генерации жени одбрани од судбина да се борат против злото. Ова повикуваље кон борба ја зголемува нејзината јачина и можност за предвидуваље на идинината преку соништата.

Бафи е учена од нејзиниот чувар, Руперт гилес (Антони Стујард Хед). Гилес ретко нарекуван по своето прво име (подоцна се дознава дека во своите млади години бил нарекуван "косачот"), е член на Чуварите, чија работа е да ги учат и да им помагаат на убијците. Гилес ги пребарува натприродните суштества со кои Бафи мора да се соочи,давајќи и информации од каде потекнуваат и како може да ги победи.

Бафи исто така има помош од нејзините пријатели кои ги запознава во Санидејл средната школа: Вилоу Розенберг (Алисон Ханиган) и Зенбдер Харис (Николас Брендон). Како што се развива серијата Вилоу станува голем дел и јака Вештерка, која на крајот станува геј. За разлика од неа Зендер, кој нема никакви моќи, го довелува хуморот во серијата. Зендер го носи срцето во серијата и во шеста сезона станува херој против Големото зло.Бафи и Вилоу се единствените кои се појавуваат во сите 144 епизоди; Зендер го нема во само една.

Споредни улоги Бројот на карактерите расте низ серијата. Бафи првпат се појавува со нејзината мајка, Џојс Самерс (Глумена од Кристин Сутерланд), која е писател. Помладата сестра на Бафи Дан Самерс (Мишел Транчтенберг)која е претставена во сезона пет.

Вампирот со душа, Ангел (Глумен од Давид Бореаназ), е љубовникот на Бафи во првите три сезони.Тој ја остава Бафи за да се оддолжи за своите гревови и да пронајде спас. Тој започнува да глуми во своја серија, Ангел. Тој се појавува повеќепати низ серијата вклучувајќи ја последната епизода.Во пријателите кои и помагаат на Бафи се појавуваат и Корделија Чејс (Харизма Карпентер), и Даниел "Оз" Озборн (Сет Грин). Ања (Ема Колфилд), Поранешен демон за одмазда (Ањанка) кој е специјализиран за да ги одмазди повредените жени,му станува девојка на Зендер откако ќе ги изгуби моќите и се приклучува на групата во сезона 4.

Дејство

Првата сезона се случува во средното школо. Бафи Самерс Само што се доселува во Санидејл после инцидентот во старата школа, надевајќи се да избега од нејзините должности како убиец. Нејзините планови се нарушени од Руперт Гилес, нејзиниот нов Чувар, кој ја потсетува на злото кое постои. Санидејл е изградено врз Хелмауф, портал до демонскиот свет. Бафи станува пријател со нејзините школски другари, Зендер Харис и Вилоу Розенберг, кои и помагаат да се бори со злото, но прво мораат да го спречат господарот, Стар и опасен вампир, од одтворање на Хелмауф и преземање на Санидел.

Во втората сезона Бафи се бори против Спајк и друсила кои доаѓаат во Санидејл заедно со новиот убиец на вампири Кендра која доаѓа поради кратката смрт на Бафи во епизодата сезона 1 финале. Зендер се поврзува со Корделија, Додека ВилоУ се поврзува со вештерство и Даниел "Oz" Озборн, кој е врколак. Романтичната врска помеѓу Бафи и вампирот Ангел се развива низ епизодите од оваа сезона но откако тие спијат заедно Ангел ја губи душата, која му е дадена преку циганска клетва во минатото, ја губи и повторно станува Ангелиус, крвлачен убиец. Кендра е убиена од Друсила. Ангелиус мачи многу луѓе и многумина има убиено, вклучувајќи ја и девојката на Гилес Џени Календар, циганка која била испратена да ја зачува клетвата на Ангел. За да спречи апокалипска Бафи е принудена да го прогони Ангелиус само моменти откако Вилоу му ја враќа душата. Тоа ја уништува Бафи психички и таа си заминува од Санидејл.

После неуспешната проба да започне нов живот во Лос Анџелес, Бафи се враќа во градот во третата сезона, Ангел мистериозно е пуштен од демонската димензија, но е близу лудило поради мачењето кое го доживеал таму, и паѓа во искушение да си го одземе животот. Тој и Бафи доаѓаат до заклучок дека нивната врска не може да успее и тој си заминува на крајот од сезоната. Нов чувар наречен Весли е ставен на местото на Гилес кога тој е одпуштен од чуварскиот совет бидејќи тој развил татковска љубов за Бафи; и кон крајот на сезоната Бафи изјавва дека се откажува од работата за советот. Кон почетокот на сезоната таа ја запознава Фејт, Убиецот кој доаѓа после смртта на Кендра. Таа исто така го запознава и градоначалникот Ричард Вилкинс, кој има планови за да стане чистокрвен демон на денот на матурата, иако Фејт добро стои со Бафи, таа полудува откако ќе убие човек и се здружува со градоначалникот, и после борба со Бафи завршува во кома. На крајот од сезоната кога градоначалникот станува огромна змија-демон, Бафи и нејзините соученици го уништуваат со тоа што го разнесуваат школото.

сезона четири Бафи и Вилоу се запишуваат на факултет UC Санидејл, додека Зендер почнува да работи и да биде во врска со Anya,поранешен демон за одмазда. Спајк се враќа како еден од главните ликови и е грабнат од The Initiative, тајна воена операција која се одвива во Санидејл. тие му ставаат чип кој го спречува да убива луѓе. тој се смирува со Бафи и другарите и почнува да се тепа од нивна страна против злото. Оз си заминува од градот бидејќи смета дека е премногу опасно да остане, и Вилоу се заљубува во вештерка Тара Макли. Бафи влага во врска со Рипли Фин, Студент и член на иицијативата.Иако на прв поглед изгледа како инициативата да се бори против злото нивните лоши задни намери се откриени кога Adam,чудовиште создадено од луѓе, демони и машинерија, бега и создава хаос во градот. Адам е уништен од магија создадена од Бафи нејзините тројца пријатели и иницијативата е затворена.

Низ сезона пет, помала сестра, Дон, одеднаш се појавува во животот на Бафи; иако таа е нова во серијата, на карактерите им е како0 таа одесекогаш да била тука. Бафи е нападната од Глори,протеран бог од пеколот која го бара клучот кој ја отвора вратата од димензијата која ќе и овозможи да се врати назад, меѓутоа тој клуч ги отвора вратите на сите димензии и ќе ослободи пекол на земјата.Подоцна се дознава дека чуварите го претвориле клучот во човечка форма, Дон, сестрата на Бафи. Советот и помага на Бафи да дознае која е Глори и им ги враќа функциите на Бафи и Гилес. Рајли си оди на почетокот на сезоната кога доаѓа до знаење дека Бафи не го сака и се приклучува на воена операција. Спајк кој сè уште има чип, се заљубува во Бафи и се посветува на тоа да и помага против злото. Мајката на Бафи умира, додека на крајот Зендер ја бара Аља за жена. Глори конечно дознава дека Дон е клучот и ја киднапира. За да ја спаси сестра си, Бафи си го жртвува својот живот.

На почетокот на сезона шест, Бафи е почината веќе неколку месеци, но нејзините пријатели ја оживуваат преку магија, верувајќи дека ја спасиле од пеколот. Бафи се здобива со тешка депресија, објаснувајќи дека таа била во рајот, и е разочарана што е вратена на земјата. Гилес се враќа во Англија мислејќи дека Бафи станала премногу зависна од него, додека Бафи почнува да работи во ресторант за брза храна за да може да ја издржува Дон, и развива тајна агресивна врска со Спајк. Дон страда од клептоманија и чувство на осаменост, Зендер ја остава Аља пред олтарот (после што таа повторно станува демон за одмазда), Вилоу станува заразена на магии, што придонесув кон тоа Тара да ја остави. тие исто така почнуваат да се занимаваат со триото, група бубалицаци водени од Варен Маерс кои ја користат технологијта за да ја убијат Бафи и да го преземат Санидејл. Варен излегува единствениот моќен од групата и откако Бафи ќе го раздели триото, ја напаѓа Бафи со пиштол и ја убива Тара во процесот.ова ја тера Вилоу да збесне и да ја ослободи целата моќ која ја има, го убива Варен и сака да ги убие и другите. Гилес се враќа да се соочи со Вилоу преку светла магија и да допре до хуманоста која е останата во неа. пред крајот, откако Спајк ќе проба да ја силува Бафи, го напушта Санидејл и оди кај демон за да му ја врати душата.

Низ седма сезона, се дознава дека после втората резурекција на Бафи доаѓа до нестабилност која му дозволува на првото зло да го наруши балансот помеѓу доброто и злото. Започнува да ги гони и убива неактивните потенцијални убијци, и набрзо повикува армија на моќни Турок-Хан вампири. Откако советот на чувари е униште, неколку убијци се засолнуваат кај Бафи. Фејт се враќа за да им помогне во борбата против првиот. новиот градоначалники исто така се приклучува на борбата. после хаосот во Санидејл скоро целата популација и луѓе и демони бегаат. Ангел се враќа во Санидејл со Амулета која може да го повика сонцето уништувајќи ги сите вампири. Амулетата ја зема Спајк кој го повикува сонцето убивајќи се и самиот себеси со тоа. На крајот преживеаните бегаат со школскии автобус, и Дон ја прашува Бафи "што ќе правиме сега"? Бафи на тоа само се насмевнува, завршувајќи ја серијата со надежна порака.

Список на епизоди

Инспирација и метафори