Лешко — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во Општина Горна Џумаја на Благоевградската област, Бугарија.
Географија и местоположба Лешко е планинско село, сместено на надморска височина од 591 метар, во близина на македонско-бугарската граница. Оддалечено е 16 километри југозападно од Горна Џумаја.
Историја Според Рилската грамота на Иван Шишман од 1378 година, селото е во сопственост на Рилскиот манастир.
Во XIX век Лешко е големо македонско село во рамките на Горноџумајската Каза на Серскиот Санџак. Во 1816 година во селото е изградена црквата „Свети Архангел Михаил“. Според месното население, ктитор на црквата е извесен Стојан - лешковец, којшто се јавувал како ктитор на новата црква, откакот старата „Света Богородица“ била срушена.
Во 1891 година Георги Стрезов пишува за селото:Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.300 жители, сите Македонци.
Во Лешко функционира комитет на ВМОРО и селото во организацијата е познато како „Републиката на Чернопеев“. Кон крајор на 1909 година комитетот на Лешко бил обновен од Христо Чернопеев, Михаил Думбалаков, Константин Самарџиев и Кочо Хаџиманов. Учители и ученици во прогимназијата во учебната 1926-1927 годинаЦентрален държавен архив, ф. 177 К (Министерство на народното просвещение), оп. 2, а.е. 18, л. 59.КласовиУченициУчителиУчителкимомчињадевојчињавкупноредовнихонорарнивкупноредовнихонорарнивкупнопрв20828101213втор15419трет808
Стопанство
Демографија Според последниот попис од 2011 година, во селото имало 197 жители, запишани како Бугари.
На табелата е прикажан бројот на населението во Лешко за периодот 1946-2011: 194619561965197519851992200120111.3591.102740571454380303197
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Александар Китанов, познат Санде ( 1881 - 23 декември 1906, Русиново, Беровско) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација
Култура и спорт
Иселеништво
Надворешни врски
Наводи
Категорија:Општина Горна Џумаја Категорија:Села во Пиринска Македонија