Лангенес (; , севернофризиски Nees) — општина во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се состои од хализите (островите) Лангенес и Оланд. Пред поплавата во 1634 година, двата острови биле директно поврзани.
Самиот Лангенес има 16 „варфтен“ (вештачки подигнати ридови) и е најголем халиг. Има околу 100 жители и 58 домаќинства. На него се наоѓа основно училиште и информациски центар кој обезбедува информации за националниот парк и Ваденското Море кај Петерсварф. Железница го поврзува со копното кај Дагебил преку Оланд. Исто така, ферибот обезбедува дневна врска со копното.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Хализи Категорија:Северна Фризија (округ) Категорија:Острови во Шлезвиг-Холштајн