Сајмон Филип Јејтс (; р. ) — британски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Има брат-близнак Адам Јејтс, кој исто така е професионален велосипедист.
Го освоил златниот медал во бодовната трка на Светското велодромско првенство 2013. По забраната поради допинг во 2016 година го освоил пласманот за млад возач на Тур де Франс 2017 и генералниот пласман на Вуелта а Еспања 2018. Јејтс има освоено повеќе етапи на секоја од трите големи трки во велосипедизмот.
Кариера Рана кариера
мини|лево|Јејтс во 2012 година
Сајмон и Адам започнале со велосипедизам откако нивниот татко Џон бил повреден при судир со автомобил додека возел — во текот на неговото опоравување ги носел близнаците до Манчестерскиот велодром да следат трки возени од неговиот велосипедски клуб, Бери Кларион, за да одржува контакт со другите членови. И обајцата наскоро започнале да возат за Бери Кларион (друмски) и за Истлендс Вело (велодромски). На 18 години, Сајмон бил избран од Британската федерација за нивната програма „Олимписка академија“. Бил исто така избран за англиската репрезентација за Игрите на Комонвелтот 2010 во Делхи, каде негов цимер бил Крис Фрум.
Го освоил златниот медал на бодовната трка на Светското велодромско првенство 2013.
Сајмон го направил својот пробив во 2013 година, додека возел за британската репрезентација. Заедно со неговиот брат, Адам, настапил на Тур де л’Авенир 2013 за британската екипа, каде Сајмон ја освоил петтата етапа во трката, пред Адам. Сајмон додал уште една етапна победа следниот ден, и завршил десетти на трката.
Потоа бил избран како дел од британската екипа на Трката околу Британија. Настапил добро на трката и на шестата етапа ја остварил својата најголема победа дотогаш, спринтајќи и одвојувајќи се од групата на девет возачи до целта, во која биле Бредли Вигинс и Наиро Кинтана. Јејтс завршил трет во генералниот пласман на Трката околу Британија и го освоил пласманот за млад возач.
Орика ГринЕЏ (2014-) 2014
мини|лево|Јејтс на Тур де Франс 2014
Јејтс заедно со неговиот брат се приклучиле на австралиската екипа во 2014 година. Завршил на 12. место на една од првите негови трки во Светската турнеја, Трката околу Баскија. Јејтс ја скршил клучната коска на третата етапа на Трката околу Турција. Се вратил и го освоил седмото место и пласманот за млад возач на Трката околу Словенија во јуни. Бил изненадувачки избор на екипата за дел од составот на екипата за Тур де Франс 2014, на само пет дена пред почетокот и бил еден од единствените четворица британски возачи кои започнале од Лидс. Јејтс имал две бегства во текот на неговиот прв настап на некоја голема трка, пред да биде повлечен од екипата на вториот ден за одмор.
2015
Во април 2015 година, Јејтс го остварил својот најимпресивен резултат дотогаш со освоеното петто место на Трката околу Баскија. Подоцна истиот месец возел на Тур де Романди и завршил на шестото место во генералниот пласман. Во јуни 2015 година, Јејтс завршил петти во генералниот пласман на Критериум ди Дофине откако завршил втор зад Крис Фрум на последната етапа. Со тоа, Јејтс ја освоил и белата маичка за најдобар млад возач.
Повторно бил избран за Тур де Франс 2015, овој пат заедно со неговиот брат Адам.http://www.theguardian.com/sport/2015/jun/27/tour-de-france-2015-yates-twins-orica Сајмон завршил осми на третата етапа и единаесетти на дваесеттата етапа, кралската етапа.
2016
мини|Јејтс на Париз-Ница 2016, каде првично завршил седми. Неговите резултати од трката биле поништено по позитивниот тест за тербуталин.
Во март, Јејтс завршил седми во генералниот пласман на Париз-Ница, меѓутоа, во април се покажало дека Јејтс имал позитивен тест за забранетата супстанца тербуталин при тестирање за време на трката. Јејтс бил дисквалификуван од трката и добил четиримесечна забрана во текот на 2016 година; неговата екипа презела целосна одговорност за ова, посочувајќи дека се работи за „административна грешка“. Забраната значела дека Јејтс ќе го пропушти Тур де Франс, каде неговиот брат Адам завршил четврти во генералниот пласман и го освоил пласманот за млад возач.
По истекувањето на неговата суспензијата поради допинг, бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016. На шестата етапа, гледајќи можност, избегал од групата за соло победа - прв од браќата Јејтс кој освоил етапа на некоја голема трка.
2017
мини|лево|Јејтс ја носел белата маичка на Тур де Франс 2017
Во 2017 година Јејтс освоил етапни победи на две престижни етапни трки, Париз-Ница и Тур де Романди. Завршил втор на втората трка, негов најдобар пласман дотогаш на некоја етапна трка во Светската турнеја. Завршил седми во генералниот пласман на Тур де Франс и го освоил пласманот за млад возач, изедначувајќи го подвигот на неговиот брат-близнак претходната година.
2018
Сајмон Јејтс ги потврдил неговите и плановите на екипата за учество на Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања.
Јејтс ја освоил седмата етапа на Париз-Ница, планинска завршница, на која го преземал водството на трката за завршната етапа. Меѓутоа, на осмата етапа Марк Солер од , кој ја започнал етапата со 37 секунди зад Јејтс на шестото место, нападнал на половина од етапата заедно со сонародникот Давид де ла Круз (); на двоецот им се приклучил Омар Фраиле () на чело на трката и тројката успеала да остане пред главната група до Ница. Бидејќи Де ла Круз и Фраиле се натпреварувале за етапата, Солер завршил трет - добивајќи уште четири бонус секунди на целта како и трите секунди претходно добиени на средниот спринт - и со 35 секунди пред Јејтс и другите фаворити, било доволно да ја прослави победата пред Јејтс за четири секунди.
Подоцна во месецот, Јејтс ја освоил седмата етапа на Волта а Каталуња откако нападнал неколкупати кога се возеле круговите од 6,6 километри на ридот Монжуик. Со тоа завршил на четвртото место на крајот на трката.
мини|лево|Јејтс ја нозел розовата маичка на Џиро д’Италија 2018
Јејтс настапил на Џиро д’Италија како заеднички предводник на екипата со Естебан Чавес, поддржани од специјалистите за искачување како Роман Кројцигер, Микел Ниеве и Џек Хејг. Јејтс завршил седми на воведниот поединечен хронометар во должина од 9,7 километри во Ерусалим, 20 секунди зад бранителот на титулата и светскиот хронометарски првак Том Димулен (). На шестата етапа до Етна, Јејтс го презел водството на трката откако завршил втор зад колегата Чавес. Јејтс нападнал од групата на фаворити на 1,5 километри од врвот и го достигнал Чавес, кој бил дел од бегството на денот, пред самата цел, но му покажал на Чавес да оди напред за да ја освои етапата. Резултатот значел дека Јејтс ја презел розовата маичка пред Димулен за една секунда и пред Чавес на третото место. Јејтс ја освоил деветтата етапа откако забрзал во последните сто метри, зголемувајќи го своето водство пред Чавес и Димулен. Јејтс го зголемил своето водство повторно на десеттата етапа, но колегата Чавес излегол од конкуренција откако завршил 25 минути зад сите. Јејтс ја освоил втората етапа на трката на етапата 11, напаѓајќи на 1,5 километри до целта и одржувајќи се пред Димулен за победа. Јејтс го зголемил водството пред Димулен.
На етапата 14, Јејтс завршил втор зад Крис Фрум на Монте Ѕонколан. Со шест бонус секунди што завршил втор, Јејтс ја зголемил својата предност пред Димулен, додека разликата со Фрум била 3 минути и 10 секунди. Јејтс ја освоил етапата 15, напаѓајќи на 18 километри до целта. Оваа победа донела зголемување на неговото водство пред Димулен. На етапата 17, поединечен хронометар во должина од 34,2 километри, Јејтс ја одржал својата предност пред Димулен. На осумнаесеттата етапа, Јејтс покажал првични знаци на слабост, особено на последните метри на врвот и изгубил 28 секунди во однос на останатите фаворити. Етапата 19 на трката била означена како кралска етапа со три искачување во втората половина на етапата. Меѓу нив било и полуасфалтираното искачување на Коле деле Финестре, по што следело искачување до Сестриере и завршницата на Бардонекија. Јејтс изостанал на почетокот на Финестре, пред Фрум да го започне својот соло напад на 80 километри до целта. Предноста на Фрум растела во текот на втората половина на етапата и на крајот ја освоил етапата со повеќе од три минути и со тоа го презел водството на трката, 40 секунди пред Том Димулен. Јејтс изгубил 38 минути во однос на Фрум и завршил на 17. место на крајот. На крајот, трката ја завршил како 21. со 1 час и 15 минути зад победникот Фрум.
мини|Јејтс (во средина) на подиумот на Вуелта а Еспања 2018.
По Џиро, Јејтс се вратил на трките на Пруеба Вилјафранка де Ордисија, каде завршил втор зад колегата Роберт Пауер. Подоцна се вратил на трките од Светската турнеја на Трката околу Полска во август, каде ја освоил завршната етапа на трката со соло-напад и завршил втор зад победникот Михал Квјатковски.
Јејтс бил предводник на екипата за Вуелта а Еспања, со поддршка од неговиот брат. Јејтс се поместил на третото место во генералниот пласман по четвртата етапа, првата планинска етапа, десет секунди зад предводникот Квјатковски. На деветтата етапа, Јејтс ја преземал водечката црвена маичка од Руди Молар. Меѓутоа го загубил водството на етапата 12, кога неговата екипа одбрала да не го следи големото бегство, поради што црвената маичка била преземена од Хесус Ерада, а Јејтс се нашол втор зад него и Валверде како трет. Меѓутоа, следниот ден, Јејтс скратил скоро две минути од водството на Ерада, и со победата на четиринаесеттата етапа, повторно го презел водството на трката. Го зголемил своето водство при етапата 16 (поединечен хронометар) и на етапата 19. На последната планинска етапа следниот ден, Јејтс ги нападнал другите на претпоследното искачување, приклучувајќи им се на Мигел Анхел Лопес и Наиро Кинтана заедно со Енрик Мас на чело на етапата и на крајот завршил трет на етапата зад Мас и Лопес, кои се нашле на второто и третото место во генералниот пласман откако Валверде и Стевен Краусвајк изгубиле значително време. Безбедно ја поминал целта на последната етапа во Мадрид, обезбедувајќи си ја победата на трката.
2019
Сајмон претходно ги сметал хронометрите за своја слабост, но постепено се подобрувал од неговите јуниорски денови. Продолжил да се подобрува во 2019 година, кога стигнал до својата прва победа во оваа дисциплина, на ридест терен на Париз-Ница. Оваа патека можеби повеќе била подобна за искачувачите, отколку за хронометрашите, поради својот ридест терен.
Јејтс се вратил на Џиро д’Италија каде целел на генералниот пласман. Настапил на трката, јавно изјавувајќи дека се смета за „број еден фаворит“ за генералниот пласман. Започнал со одлична форма на воведната етапа, поединечен хронометар во Болоња, каде завршил зад победникот Примож Роглич. Надежите на Јејтс за победа завршиле по катастрофалниот резултат на хронометар на деветтата етапа, кога загубил повеќе од 3 минути, паѓајќи на 24. место во генералниот пласман. Загубил уште време на етапата 13. И покрај второто место на етапата 19, завршил осми во генералниот пласман, опишувајќи го како срцепарателно.
мини|лево|Јејтс на Тур де Франс 2019
На Тур де Франс возел како поддршка на неговиот брат. Сепак му било дозволено бегство и ја освоил етапат 12 во тричлен спринт против Билбао и Милбергер. За жал, надежите на Адам за генералниот пласман исчезнале кога изгубил време на поединечниот хронометар и искачувањето до Турмале. Ова значело дека Сајмон бил ослободен од функцијата „работник“ и екипата се насочила на етапни победи, и тој освоил уште една планинска етапа по соло-напад на етапата 15, со што неговата екипа имала три победи на трката пред вториот ден за одмор.
2020
Во септември 2020 година, Јејтс ја освоил Тирено-Адријатико поразувајќи го Герајнт Томас и станувајќи прв британски победник на трката. Следниот месец, Јејтс возел на Џиро д’Италија. Меѓутоа, морал да ја напушти трката пред почетокот на осмата етапа, откако добил позитивен тест за КОВИД-19.
2021