Зеленокрила ара () — претежно црвена папагал од родот ара (Ara).
Ова е најголемиот член на родот, широко распространет по шумите и кориите во северна и средна Јужна Америка. Меѓутоа, како и другите ари, птицата во последно време се соочува со значителен пад на бројноста, што се должи на уништување на живеалиштето и незаконско заловување за трговијата со домашни миленици. Папагалот може да се види во Зоолошката градина во Скопје.
Опис Зеленокрилата ара се разликува од црвено-сината (A. macao) по тоа што, иако обете имаат црвени гради, зеленокрилата има претежно зелени горни крилни пердуви, додека (понекогаш со неколку жолти) над зелениот појас, додека пак црвената има претежно жолти, или пак изразено жолто-зелени горни крилни пердуви. Покрај ова, зеленокрилата ара има карактеристични црвени линии околу очите сочинети од низа пердувчиња наспроти голата бела кожа на тој дел од главата. На опашката, светкавите синозелени пардуви се обрабени со црвено. Споредени по големина, зеленокрилата ара е забележливо поголема од црвената.
По должина, овој папагал е пократок само од зумбуловата ара (A. hyacinthinus). Возрасните единки на зеленокрилата ара достигнуваат вкупна должина од 90-95 см.Cameron, M. (2012). Parrots: the animal answer guide. JHU Press. Од измерени 12 единки, утврдена е просечна тежина од 1,2 кг.CRC Handbook of Avian Body Masses, 2nd Edition by John B. Dunning Jr. (уред.). CRC Press (2008), ISBN 978-1-4200-6444-5. Тежината обично им се движи од 1 до 1,7 кг. Иако има тежински опсег сличен на оној на зумбулоата араа, ппросечната тежина ѝ е за малку помала од онаа на зумбуловата и големата зелена ара (A. ambiguus). Земајќи ги сите папагали во светот, како потежок вид може да се вброи и какапото (Strigops habroptilus).
Поведение Зеленокрилата ара се задржува на еден доживотен партнер. Женката несе по две до три јајва во гнездо направено во дупка на дрво. Квачењето трае 28 дена, а пилињата се пособни за лет 90 дена откако ќе се испилат.
Повраток на население Од 1999 година се појавило население на Тринидад. Иако овие можеби избегале од заробеништво, исто така е можно да имаат диво потекло.
Се смета дека историскиот опсег на овој вид се протегал кон југ и ги опфаќа аргентинските покраини Чако, Кориентeс, Формоса и Мисионес. Се смета дека ловот на месо, трговијата со миленичиња и промените во употребата на земјиштето предизвикале истребување на овој вид низ целиот аргентински опсег до 60-тите години на минатиот век. Видот е наведен како критично загрозен во Аргентина. Во средината на 2010-тите години било откриено дека птиците го колонизираат Националниот парк Игуазу, а веќе од 2019 година, видот се шири понатаму во близина на Покраинскиот парк Порто Пенинсула.
Овој вид е предмет на програма за повторно воведување во Регионалниот резерват Ибера во покраината Кориентис од страна на организациите Доверба „Светски папагал“, Аргентински птици и Фондација ЦЛТ (Доверба за зачувувачка земја) (и можеби BirdLife International), за која се надеваат дека може да го промовира туризмот до областа. Заробени птици од Обединетото Кралство биле увезени во 2015 година, а првиот пар британски птици бил ослободен во февруари 2019 година.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Зеленокрила ара — Енциклопедија на папагали Видеоснимки од зеленокрили ари — Семрежна збирка на птици
Категорија:Ара Категорија:Подражавачки птици Категорија:Птици на Јужна Америка Категорија:Животни во Зоолошка градина Скопје