Халиг Хабел (; ; севернофризиски: Haabel) — најмал халиг во германското Ваденско Море и птичји резерват. Управуван е од општината Греде на соседниот остров. Површината на Хабел изнесува 7,4 хектари, со 655 метри во должина и 100 метри во ширина.
На островот постои вештачки подигнат рид наречен Нордерварфт со куќа во која е сместена орнитолошката опсерваторија во текот на летото. Вториот рид на јужниот брег, Зидерварфт бил напуштен во век и подоцна уништен од морето.
Хабел се наоѓа во првата заштитна зона на Националниот парк Шлезвигхолштајнско Ваденско Море. На јавноста не ѝ дозволен пристап до островот. Островот е поседуван од сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн и е под концесија на друштвото Јордзанд, непрофитна организацијата за животна средина со седиште во Аренсбург. Хабел служи како место за одмор и за парење на многу морски птици.
Наводи
Категорија:Хализи Категорија:Острови во Шлезвиг-Холштајн