Злоќудна хипертермија е ретка, живото-загрозувачка состојба која е предизвикана поради изложеност на некои лекови за општа анестезија, особено испарливите анестетици и невромускулниот блокирачки агенс суксаметониум хлорид. Кај суспектибилни поединци овие лекови индуцираат драстичен и неконтролиран пораст на оксидативниот метаболизам на скелетните мускули, што го надминува капацитетот на организмот за снабдување со кислород, отстранување на јаглерод диоксид, и регулирање на телесната температура, што може да доведе до циркулаторен колапс и смрт доколку не се третира брзо.

Кога ќе се развие состојба на злоќудна хипертермија, вообичаено се започнува со третман со дантролен натриум; дантроленот и прекин на инхалационата анестезија значително ја намалуваат смртноста од оваа состојба.

Третман Терапија од избор е интравенска администрација на дантролен, кој претставува единствениот достапен антидот, прекинување на внесот на тригер-агенсите, и супортивна терапија насочена кон корегирање на хипертермијата, ацидозата и органската дисфункција. Третманот треба да се иницира веднаш штом се јави клиничко сомневање за почеток на злоќудна хипертермија.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Анестезиологија Категорија:Ретки болести