Мишел Уелбек (), вистинско име Мишел Тома, (, ) - француски писател, поет, есеист и романописец. Кон крајот на деведесеттите години е еден од најпреведуваните современи автори кои пишуваат на француски јазик. Освен по своите литературни активности, тој е познат и како пејач, режисер и актер, а во кинематографијата се прославува во 2014 година со двата филма: „Грабнувањето на Мишел Уелбек“ и „Блиско искуство со смртта“. Уелберк станал познат со романите „Ширење на полето на борба“ и особено со „Елементарни честички“.Елементарни честички на семрежното место на Три Со него и со следниот роман „Платформа“, Уелбек се смета за предвесник во француската литература,Lire : le magazine littéraire. L'actualité de la littérature française et de la littérature étrangère. . особено во описите на емотивната и сексуална беда на западноверопските жители во 1990-тите години. За романот „Мапата и просторот“>Мапата и просторот на семрежното место на Три, Уелбек ја добил Гонкуровата награда во 2010 година, откако претходно повеќепати бил номиниран за неа.Alain Beuve-Méry, journaliste : Michel Houellebecq, enfin !, Le Monde, 8 ноември 2010.
Животопис Уелбек е роден во Сен-Пјер., на островот Реинион, како син на Рене Тома, планински водич, и на Луси Секалди, лекар-анестезиолог дипломирана на медицинскиот факултет во Алжир, двајцата комунистички активисти. Мајка му го фалсификувала датумот на раѓање во неговиот извод од книгата на родените како да е роден две години порано зашто сметала дека е многу надаренDenis Demonpion, Houellebecq non autorisé, enquête sur un phénomène, Maren Sell, 2005. Voir également .: значи, тој не е роден на 26 февруари 1956, како што стои во неговиот извод, туку на 26 февруари 1958, според неговата сопствена изјава. Многу бргу неговите родители го занемаруваат., и се разведуваат, а наскоро тој добива и полусестра. Тој го менува презимето по една посета на своите родители на Мон Сен-Мишел.. По разводот на родителите, извесно време го гледаат бабата и дедото по мајка во Алжир, потоа преминува кај бабата по татко. (Анриета Тома родена Уелбек), комунистка, и тој, во знак на благодарност, го зема нејзиното моминско презиме..
Завршува гимназија во Мо, потоа посетува подготвителна настава за високи школи во гимназијата Шаптал во Париз каде што често добива ќотек. и во 1975 година се запишува на Националниот агрономски институт Пари-Грињон. Тука формира литерарна ревија Карамазов за која пишува песни и почнува да го снима филмот Кристал на страдањето. Дипломира во 1978 година, станува инженер агроном со специјалност „природна средина и екологија“.
Потоа, се запишува на Високата национална школа Луј Лимјер, отсек „кинематографија“ (снимателство), но ја напушта во 1981 година, пред да дипломира. Во јули 1980 година, во Тресен се жени со Жасинта де ла Рош Сент-Андре, и во јуни 1981 година, во Париз, се раѓа неговиот прв син Етјен. Потоа, извесен период е невработен, се разведува од сопругата и запаѓа во депресија.
Во 1983 година почнува да работи како информатичар во Унилог, потоа работи на договор во информатичката дирекција на Министерството за земјоделство, каде што останува три години, (овој период е прикажан во „Ширење на полето на борба“). Во 1990 година се пријавува за работа во Националното собрание за работното место административен помошник во информатичката служба. Редовните приходи му го даваат мирот што му е потребен. Во 1996 година, откако го стекнува потребниот стаж, дава отказ за да му се посвети на пишувањето.
Во 1992 година, Мишел Уелбек ја добива наградата Тристан-Цара за својата збирка песни, Во потрага по среќата, издадена во 1991 година. Се запознава со Жилиета и Андре Дарл кои го канат младиот поет, кој има триесет и шест години и работи во Националното собрание и е речиси непознат, на фестивалот Мурална поезија, кој се одржува во замокот на Стјуартови во Обињи-сир-Нер. Жилиета Дарл се сеќава: „Забележав дека е посебна личност и веднаш го вброив Мишел во големите автори на 20 век. […] Мишел Уелбек почна да го критикува либерализмот. Градоначалникот на Обињи го повика за да го запознае тој чуден поет. […] За него веќе немаше слободна соба, требаше да спие во приколка. Минавме чудесни вечери. Мишел читаше песни од Арагон и плачеше. Утредента го одведовме во Сансер}}« Ce sont eux les premiers qui ont cru en Houellebecq » sur le site de La Montagne, 9 ноември 2010.
Во 1998 година, неговиот опис на љубовните односи во Елементарни честички предизвикува полемика и тој е обвинет дека е женомрзец и дека го објективизира женското тело.Murielle Lucie Clément, op. cité, .
Во 2000 година, се повлекува во Ирска со својата втора жена Мари Пјер Готје; во 2002 година, се сели во Андалусија и се сместува во националниот парк Кабо де Гата-Нихар.
Не се гледа со мајка си од својата седумнаесетта година и во интервјуата изјавува дека е најверојатно умрена, но во 2008 година таа објавува книга Невина, во која буквално вели: „Син ми може да се зафркава со кого сака и како сака, немам што да додадам на тоа“.
Кон крајот на 2012 година, тој најавува дека се враќа во Франција. Во својот нов париски апартман, во едно интервју зборува за причините зошто се вратил: замореност од странските јазици. Одречува дека има некаков политички чин во неговото заминување од Ирска, но вели дека тоа може да се протолкува така „бидејќи тоа докажува дека нивото на наметнување не е доволно јако за да ги обесхрабри сите“Libération, 2 април 2013..
Со најавата за објавување на збирката песни Конфигурација на последниот брег во април 2013 година, ја изразува својата волја да продолжи да пишува со следните зборови: „ животот не ме интересира доволно за да можам да се откажам од пишувањето“.
Во 2015 година ја добива наградата на Националната библиотека на Франција за целото свое творештво.
Книжевно творештво Хронологија на издадени дела left|thumb|Мишел Уелбек, Варшава. Двете први збирки песни, објавени во 1991 година, се незабележани. Но, веќе се зацртани темите на неговите идни дела: егзистенцијална осаменост, прикажување на либерализмот во делата дури и во поглед на интимата на поединецот. Неговите две следни збирки ќе бидат наградени со наградата (Тристан-Цара, во 1992 година, и со наградата Флор, во 1996 годинаHouellebecq racontera les coulisses de cet acte de reconnaissance publique, en particulier le soutien qu’il semble avoir reçu de Frédéric Beigbeder, dans une nouvelle écrite en 2001, intitulée Je suis un écrivain normal.), но успехот ќе го стекне со прозата. Во 1994 година, неговиот прв роман, Ширење на полето на борба, е објавен од издавачката куќа Морис Надо откако го одбиле повеќе други издавачи. Со овој роман Уелбек станува предводник на една генерација писатели кои ја опишуваат емотивната беда на современиот човек. Романот доживува релативен успех (во споредба со 30000 примероци продадени по излегувањето на романот Елементарни честички, по четири години), но многу брзо тој станува „култен роман“. Делото е адаптирано за филм во Франција од Филип Арел во 1999 година, а за данската телевизија, од Јенс Албинус во 2002 година.
Во 1998 година, Елементарни честички, неговиот следен роман, дига голема медиумска врева што е делумно резултат на исклучувањето на авторот од Перпендикуларна ревија на која ѝ припаѓал, поради идејно несовпаѓање. Редакцискиот одбор на ревијата во Монд објавува трибина во која го напаѓа Уелбек поради неговите социјални и политички идеиHouellebeq et l'ère du flou .. Полемиката добро ја користи издавачката куќа Фламарион која престанува да ја финансира спомнатата ревија. Перпендикуларна ревија престанува да излегува и Уелбек излегува од сенка.
На големо изненадување, Елементарни честички не ја добива Гонкуровата награда, доделена на Пол Констан за делото Исповед за исповед, роман што печатот ќе го критикува, а Уелбек ќе го оцени како „целосно промашување“. Елементарни честички ја добива ноемвриската награда, што му ја доделува жири во кое е Филип СолерсCelui-ci viendra témoigner en faveur de Houellebecq dans le procès qui lui sera intenté à l’occasion de ses déclarations sur l'islam., спомнат во романот и избран од редакцијата на списанието Лир „за најдобра книга во 1998 година“. Уелбек ја дели Меѓународната литерарна награда ИМПАК, Даблин,во 2002 година за преводот на Елементарни честички со преведувачот Франк Вин.
Уелбек ги потпишува и зборовите за албумот Човечко присуство кој е близок на стилот на неговата поезија. Тој пее или, подобро, зборува во својот албум, исто така и го изведува на неколку концерти со групата A.С. Драгон.
Во 2004 година, Мишел Улбек преминува од старата издавачка куќа, Фламарион, во издавачката куќа Фајар, во рамките на групата Ашет ливр која припаѓа на моќното претпријатие Лагардер; Финансиските услови се невообичаени за француското издаваштво и затоа што му се овозможува следниот роман да биде пренесен и на филмско платно. По ова литерарно враќање 2005 година, со објавувањето на Можноста на еден остров, тој зафаќа голем дел од „културните страници“ на медиумите. Но, продажбата на книгата е помала од предвидената, значи, 300 000 продадени, наспроти предвидените 400 000 примероци. Во 2007 година, Уелбек работи на предпродукцијата на филмот Можноста на еден остров со ист наслов како и романот, потоа го режира филмот, главната улога му е доделена на Беноа Мажимел. По прикажувањето на филмот во 2008 година, филмот доживува финансиски и критички неуспех. Во 2008 година, Уелбек го објавува Јавни непријатели, серија писма разменети по електронска пошта со Бернар-Анри Леви.
Во 2010 година, кај Фламарион го објавува романот Мапата и просторот за кој ја добива Гонкуровата награда за 2010 година. Откако неколкупати не успева да ја добие оваа награда, Мишел Уелбек ќе изјави: „Сега кога ја добив наградата Гонкур, нема веќе да се прашувам дали следниот пат ќе ја добијам или не, притисокот ќе се намали, ќе бидам послободен, иако и досега бев мошне слободенLe roi Houellebecq sacré enfin par le Goncourt , France Soir, 8 ноември 2010..
Неговиот роман ПокорувањеПокорување на семрежното место на Три објавен на 7 јануари 2015 година во издавачката куќа Фламарион покажува една исламизирана Франција по политичката победа на исламот во Франција во 2022 година..
Уелбек му придава значење на своето есеистичко пишување. Соработувал во списанието Енрокуптибл, во Перпендикуларна ревија, во Работилница на романот, воНепосредно, како и во други меѓународни списанија.
Влијанија Писателот се повикува на влијанието на разни автори или ги опишува во компаративните анализи. Со својата литерарна амбиција, својот дескриптивен и социолошки пристап, романите на Уелбек често се споредени од страна на специјалистите по литература со реалистичниот француски роман од 19 векBruno Viard. (Флобер, Балзак, Стендал), а за научната страна на неговата научна анализа со (социо-биолошкиот или антрополошки дискурс) до натурализмот на ЗолаSandrine Rabosseau, Houellebecq et le renouveau du roman expérimental.. Неговото дело често се споредува со делата на писателите од 20 век, поточно со Селин. Меѓу современите романописци, неговото дело се споредува понекогаш со делото на Американецот Елис (Американско психо), преку општественото влијание истакнато преку реакцијата на скандализираната публика и медиумитеFrédéric Sayer.. Неговиот стил е интертекстуален, спојува повеќе дискурси, на пример, Балзак и Жорж Перек и авторот се повикува на тоа влијаниеEntretien avec Joseph Vebret, BiblioObs, 06/09/2010, Voir la video.
Од поетите најмногу се повикува на Бодлер, на пример за својата поетска транскрипција на модерноста, на урбаната поезија и на капитализмотJulia Pröll, La poésie urbaine de Michel Houellebecq : sur les pas de Charles Baudelaire ?., и на влијанието на Лотреамон преку употребата на научниот вокабулар.