Црвенокап мангабеј или беловратен мангабеј () — вид примат од семејството на старосветските мајмуни (Cercopithecidae). Примероци од ова животно можат да се погледаат во Зоолошката градина во Скопје.

Опис

Телото на овој мајмун е прекриено со сиво крзно, но има карактеристична црвена боја на главата во облик на капа и бел врат.. Има црни уши и упадливи бели очни капаци, поради што се нарекува и „четириок мајмун“. Опашката му е темносива и подолга од телото, и често ја држи со белиот врв над главата. Има долги катници и многу големи секачи. Во заробеништво, мажјаците тежат просечно 9-10 кг, а женките 7,5-8,6 кг. Без опашката, мажјаците се долги 47–67 см, а женките 45–60 см.

Живеалиште и распространетост

Црвенокапиот мангабеј се среќава во шуми сместени во крајбрежни појаси, мочуришта, мангрови и долини, од западна Нигерија, на исток и запад во Камерун, како и ширум Екваторска Гвинеја, Габон и по атлантскиот брег на габонско-конгоанската граница.

Поведение

Овие мајмуни живеат во големи групи од по 10 до 35 единки, вклучувајќи неколку мажјаци. Општат со кресоци и лаење, што служи за одржување контакт со ќленовите нха групата и означување на нејзината местоположба во однос на други групи. Се храснат со плодови и семиња, но јадат ио листови, зеленило, цветови, безрбетници, печурки, измет и смола. Немаарт определена сезона на парење, а половата зрелост ја достигнуваат на возраст од 5 до 7 години. Во росек, бременоста трае 170 дена.

Закани Во 2006 година, било проценето дека годишно околу 3.000 црвенокапи мангабеи се ловат во крајбрежните шуми Крос-Санага-Биоко за трговија со месо.

Заштитен статус мини|десно|Црвенокап мангабеј во Зоо Скопје. Црвенокапиот мангабеј се води како ранлив вид во црвениот список на МСЗП поради губитокот на живеалиштето и ловењето за месо. Наведен е и во Прилог II од CITES и во класата Б на Африканската спогодба за заштита на природата и природните ресурси.

Поврзано Чадлив мангабеј

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Старосветски мајмуни Категорија:Цицачи на Африка Категорија:Животни во Зоолошка градина Скопје