мини|Дијаграм на антитело и антигени. Во имунологијата, антиген, односно генератор на антитела, е секоја супстанција која служи како целна одредница за рецепторите на стекнатиот имун систем, T-клеточниот рецептор, B-клеточниот рецептор или неговата секретирана форма, антителата.
Потекло на антигените
Егзогени антигени Егзогените антигени навлегуваат во телото од надворешната средина, со инхалација, ингестија или инјектирање.
Ендогени антигени Ендогените антигени се оние антигени кои се создаваат во клетките како резултат на нормалниот клеточен метаболизам, или поради вирусна или меѓуклеточна бактериска инфекција.
Категорија:Имунолошки систем Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ