Дабница — село во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото Дабница се наоѓа на 10 километри источно од Неврокоп, 5 километри југоисточно од општинскиот центар Грмен. Селото се наоѓа во подножјето на југозападните Родопи на надморска висина од 519 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11.2км2.

Историја Средновековен период На еден километар северно од Дабница се наоѓа доцноантичката и средновековна тврдина Градиште, позната и како Свети Архангели, која е прогласена за културен споменик од национално значење.http://www.bulgariancastles.com/bg/node/1353 .

Османлиско Царство Во текот на 19 век, селото било муслиманско и припаѓало кон Неврокопската Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дебница (Debnitsa) е село со 54 семејства и 130 Турци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 130 – 131. Во 1899 година селото имало население од 355 жители според резултатите од пописот на населението на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 355 жители, сите Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 274. Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Блатска, Дабница и Фустане живеат 1100 Помаци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 245.

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

До 1925 година во селото имало едно религиозно училиште кое се наоѓало во локалната џамија. Во истата година било отворено првото основно училиште. Следната година за официјален учите по турски јазик во селото станал Хусни Мемишев од градот Шумен.

На 18 мај 1925 година се случил .т.н. масакр кај Дабница кога бил извршен колеж врз месното население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов. Масакрот бил извршен во една куќа во селото. Колежот е извршен врз македонското население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов. Од селото повеќе од 300 лица биле насила одвлечени и три месеци, од април до јуни, биле подложени на крвави репресалии, пред очите на месните државни, административни и воени власти, а еден поголем дел од нив биле и убиени. Како последица на „жестоката инквизиција“, починале околу 200 души, а поголем број биле интернирани надвор од Пиринскиот дел на Македонија.Зоран Тодоровски, „ВМРО 1924– 1934“, Скопје, 1997. Куќата во која се извршени колежите е претворена во музеј, но по падот на комунизмот во Бугарија во 1989 година, таа е во очајна состојба.Първият крематориум в света, „Къщата на ужасите” в гърменското село Дъбница, се превърна в развалина и се руши под купища боклуци и отровна смрад , Струма, брой 4988. 19 септември 2008 (бугарски)

Во 1928 година станало првото големо иселување на Помаците од селото во Турција. Во истата година во селото биле населени првите бегалци од Егејска Македонија. Во тоа време, училиштето веќе имало своја библиотека. На 3 март 1935 година, со помош на кметот Христо Калајџиев, била отворена бесплатна ученичка трпезарија за 19 деца. Во 1935 година бил основан првиот театар. По долгата и интензивна подготовка под водство на локалниот доктор Иван Лавров, студенти, наставници и јавноста ја презентирале претставата „Нашите непријатели“. Во 1936 година, богатите мештани донирале 4 хектари земја на училиштето.

Од 1936 година, училиштето започнало да го носи името „Христо Ботев“. Во 1949/50 училиштето било поделено на бугарски и турски паралелки. Наставниците на турски јазик биле Мухтика Мехмедов од Горна Џумаја, Исмаил Салиев од селото Вунарири, Шуменско и Дахил Ахмедов од селото Зидарци, Перничко, а во бугарското училиште - Ангел Делчев од Неврокоп, Васил Палев од село Ковачевица и Тодор Мавродиев од селото Заграде. Во 1950 година училиштето станало централно за селата Ореше, Крушево, Долно Дреново, Блатска и Фустане. Во 1957 година, училиштето добило примарен статус, а дипломирале 2.334 ученици. Денес околу 170 ученици - сите од селото - учат во ОУ „Христо Ботев“.

Стопанство Атарот на селото зафаќа површина од 11.2км². Половина од атарот е полјоделско земјиште, додека другата половина е под пасишта.

Население +Население на Дабница по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 828 1101 1289 1753 1810 1873 1650 1712 1760 1625

+Етнички состав на населението од 2011 година: Националност Население Процент Бугари 298 22,66% Турци 693 52,7% Роми 322 24,49% Останати 0 0% Неопределени 0 0% Вкупно 1315 +Население по возраст од 2011 година:

Општествени установи

Самоуправа и политика Поштенски број на селото е 2940.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности Родени Асим Адемов (р. 1968), бугарски политичар

Починати Димитър Пенков (1876 – 1925), македонски револуционер Илија Геров (1890 – 1925), македонски комунист

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Категорија:Општина Грмен Категорија:Села во Пиринска Македонија