Капелн (; ) — мал град на полуостровот Ангелн, во округот Шлезвиг-Фленсбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на северниот брег на фјордот Шлај, околу 30 километри североисточно од градот Шлезвиг и 35 километри југоисточно од Фленсбург.
За источниот дел на полуостровот Ангелн и северниот дел на полуостровот Шванзен, градот има средишна функција. Градот на Шлај е рибарско место и до 2006 година во градската единица Олпениц се наоѓала касарна на германската војска.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Капелн-Ланд, иако самиот град не претставува дел од заедницата.
Градски единици
Кон градот Капелн припаѓаат местата Мелби, Дотмарк, Зандбек, Штутебил, Еленберг, Олпениц и Коперби.
Историја
Градот бил првпат споменат во 1357 година.
Меѓународни односи
Збратимени градови
Капелн е збратимен со следниве градови:
Фаборг, Данска (од 1984 г.) Устка, Полска (од 1991 г.) Мерате, Италија (од 2007 г.)
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Шлезвиг-Холштајн