мини|десно|Жолта мутација Црвеночелна козица () — вид мали папагали од Нов Зеланд. Ова е еден од трите вида козици познати во маорскиот јазик како „какарики“ (kākāriki).
Примероци од ова животно може да се видат во Зоолошката градина во Скопје.
Исхрана Се хранат со семки, месести плодови, бобинки, оревести плодови и други делови од растенијата.
Распространетост Некогаш биле многу чести ширум Нов Зеланд и околните острови the islands and mainland of New Zealand. Во 1880-тите нивниот број бил многу голем, но денес се исчезнати на главниот дел на Нов Зеланд и се среќаваат само на Стјуартовиот Остров (Ракиура) и некои пооддалечени острови (како Капити, Тиритири Матанги и Матиу (Сомс) како и групата Кермадек на север, на Оклендските Острови на југ и Четемските Острови на исток. Биолозите понекогаш ги делат на два подвида.
Состојба и заштитен статус Според МСЗП, црвеночелната козица е ранлив вид (VU) бидејќи преостанатите гупи од единки се многу раздалечени една од друга.BirdLife International (2007) Species factsheet: Cyanoramphus novaezelandiae. Нивното изумирање на главните новозеландски острови (Северниот и Јужниот) се должи на немањето на одбранбен механизам од внесените видови, особено од ласиците, стаорците и посумите.
Одгледување Црвеночелната козица често се одгледува меѓу ентузијастите и важи за еден од полесните видови за чување. Добиени се неколку бојни мутации како жолта, циметна и црно-бела.
Поврзано Козица
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Папагали Категорија:Птици на Нов Зеланд Категорија:Ендемска фауна на Нов Зеланд Категорија:Незагрозени видови според МСЗП