809 Лундија — мал двоен астероид од типот V кој орбитира во рамките на Флориното семејство во главниот астероиден појас. Именуван е според Лундската опсерваторијата во градот Лунд, (Шведска) која функционира во рамките на Лундскиот универзитет.

Особености

Лундија орбитира во Флориното семејство. Сепак, спектарот од типот V покажува дека не станува збор за член на Флориното семејство, туку најверојатно станува збор за дел од друг астероид (два делови доколку се земе предвид и месечината) исфрлени од површината на 4 Веста најверојатно од некаков удар во минатото. Орбитата е на големо растојание од Веста за истиот да биде дел од Вестинското семејство. Не е јасно како успеал да ја постиге таа далечна орбита од астероидот Веста, но познати се и други примери на астероиди од типот V кој орбитираат надалеку од астероидот Веста. Преложен е механизм на поврзаност меѓу Јарковскиевиот ефект и нелиниските секуларни резонанси (претежно од Јупитер и Сатурн).

Двоен систем

Набљудувањата на светлинската крива во 2005 година покажале дека Лундија е двоен систем од два објекти со приближно иста големина кој кружат околу заедничкото тежиште. „Лундија“ денес се однесува на есен од овие објекти, додека останатиот е привремено означен како S/2005 (809) 1. Сличната големина на двата објекти е определен на начин што при меѓусебните прекривања светлината се намалува за слично количество на светлина без разлика на тоа кој објект е прикриен.Poznań observatory (Lightcurve showing signature of the binary) Поради сличната големина на првиот и вториот објект овој систем се води како двоен систем.

Со слично албедо како она на 4 Веста (околу 0,4) наведува на помислата дека истите се со пречик од 7 км. Периодот на меѓусебното орбитирање е 15,4 часа, што пак отприлика кажува дека растојанието мегу истите е доста мало во интервал од 10–20 км доколку се земат предвид вообичаените вредности за густината и албедото.

Наводи

Надворешни врски Electronic Telegram No. 239 announcing the binary system (2005 October 1) Discovery Circumstances: Numbered Minor Planets Johnston Archive entry for 809 Lundia Lightcurve showing signature of the binary

Категорија:Главен астероиден појас Категорија:Двојни астероиди Категорија:Астероиди од типот V Категорија:Откритија на Макс Волф Категорија:Астрономски тела откриени во 1915 година Категорија:Астероиди наречени по места Категорија:Неправилни месечини Категорија:Флорски астероиди