Историјата на Византија го опфаќа периодот од 330 година кога престолнината на Римското Царство била преместена од Рим во Цариград до 1453 година, кога престолнината била заземена од страна на Османлиите. Неколку настани од 4 до 6 век го одбележиле периодот на поделба на Римското Царство на два дела: Источно Римско Царство и Западно Римско Царство. Претходно, Диоклецијан во 285 година административно ја поделил империјата на источна и западна. Во периодот помеѓу 324 и 330, Константин I ја пренесел престолнината од Рим во Византион, подоцна познат како Цариград. Во времето на Теодосиј I (379-395), христијанството станала официјална државна религија на империјата. Во времето на Ираклиј I (610-641), војската и администрацијата на империјата биле реформирани и јазик станал официјален во службена употреба, наместо латинскиот.
Позадина Римската војска успешно освоила многу територии кои го опфаќале целото Средоземје и крајбрежни региони во Југозападна Европа и Северна Африка. Овие територии биле дом на многу различни културни групи, на урбано и рурално население. Општо кажано, источните средоземни провинции биле поурбанизирани за разлика од западните, петходно обединети под Македонската империја и хеленизирани од влијанието на грчката култура.; . Исто така Западот повеќе страдал од нестабилноста на 3 век. Оваа разлика помеѓу воспоставениот хеленизиран Исток и помладиот латинизиран Запад опстојала и станала многу значителна во наредните векови, водејќи до постепено оддалечување на двата светови.
Тетрархија Во текот на 3 век, три кризи се заканиле на Римското ЦарствоBury (1923), 1* Fenner, Economic Factors :. Надворешните инвазии, внатрешна граѓански војни и економија полна со слабости и проблеми во градот Рим кој постепено станал помалку важен како административен центар. Во тогашни услови, старата престолнина Рим немала услови да опстојува. Царот Диоклецијан тоа многу добро го разбрал, и затоа во негово време тој со својата империја раководел од Никомедија во Мала Азија. Самата тетрархија била воведена од Диоклецијан во 293 година.Bury (1923), 163 кој сметал дека повеќе не било можно да се управува со Царството од еден центар. Воведувањето на тетрархијата се смета за крај на Кризата на третиот век. Според идејата на Диоклецијан власта ја делеле 4 владетели (тетрарси) (два августа и два цезара). Така Диоклецијан како август управувал од Никомедеја, Максимијан ако август од Медоланум, Галериј како цезар во Сириум и Констанциј I Хлор како цезар од Аугуста Треворорум.
Константинова династија
Во 305 година двајцата августи, Диоклецијан и Максимијан абдицирале од престолот и Констанциј Хлор ја прифатил од Максимијан функцијата август на западот. Иако и двајцата импператори имале свои легитимни синови Константин и Максенциј, тие биле запоставени при предавањето на власта. Наместо тоа источниот август Галериј го назначил за цезар Флавиј Валериј Север и Максимин Даја. Галериј побарал Константин да остане кај него како заложник и подмолно се обидувал да го убие. Во 306 година Константин успеал да ја напушти Никомедија и да се приклучи на својот татко во Галија. Констанциј сепак се разболел за време на експедицијата против пиктите во Каледонија и починал на 25 јули 306 година во Јорк. Таму војводата од алеманско потекло Хрок и војниците верни на Констанциј, веднаш го прогласиле Константин за август; ..
По крајот на војната меѓу римските цареви, како победник излегол Константин I. Во 330, Константин го преместил седиштето на империјата во Цариград, кој тој го основал како втор Рим на местото на Византион, град стратешки сместен на трговските патишта помеѓу Европа и Азија и помеѓу Средоземјето и Црното Море. Константин извршил големи промени во војската, монетарниот систем, граѓанските и верските институции. Што се однесува до неговата економска политика, тој бил обвинет од страна на одредени научници за „несвесна даночна политика“, но златните солиди кои ги вовел станале стабилна валута кои ја трансформирале економијата и промовирале развој.; ; ;
Под водство на Константин, христијанството не станало ексклузивна религија на државата, но било претпочитано од империјата, бидејќи царот го поддржувал со великодушни привилегии. Константин го поставил принципот дека владетелите не смееле сами да постават верски прашања, но наместо тоа требало да се свикаат основните црковни совети за таа цел. Неговото свикување на Арлскиот синод и првиот вселенски собор ги посочило неговите интереси за обединување на црквата, демонстрирајќи го неговото тврдење дека е нејзина глава.; ; .
По неговата смрт во 337 година, процесот на уништување и распаѓање на Римското Царство се зголемил главно поради борбата за негов наследник. Во 335 година тој правел планови да ја подели империјата меѓу останатите живи синови, Константин, Констанциј II и Константа. Во прилог Константин дал мали удели од империјата на двајцата си внуци, Далмациј и Ханибал. Сите пет млади цезари биле надвор од градот во време кога Константин починал, но Констанциј брзо се вратил во градот за погребот на својот татко. Тројцата августи се сретнале во почетокот на летото 338 година, за да си го поделат империјата, зачувувајќи всушност истите региони во кои владееле како Цезари. Констанциј владеел со истокот со центар Цариград, додека останатите со западните земји. По долготрајната војна, како единствен победник излегол Констанциј II.
Констанциј починал на 3 ноември 361 година за време на една војна против Персијците и како цар, неговото владеење претставувало триумф за аријанството. Негов наследник станал Јулијан како првиот цар роден во новата престолнина. Јулијан издал декрет според кој се дозволило верски обреди на сите религии, пагански, христијански и еврејски, по кое ги вратил имотите на старите грчки храмови кои биле одземани од страна на Констанциј и ги суспендирал стипендиите кои државата ги давала на градската црква и на еден начин го вратил паганството во градот и империјата поради кое подоцна од христијаните бил наречен Отпадник. Тој починал во 363 година во една битка со Персијанците, а негов наследник станал Јовијан кој никогаш не пристигнал во престолнината бидејќи се разболел и починал во 364 година.
По смртта на Јовијан на 26 февруари 364 година за нов август бил избран Валентинијан I кој управувал со западните земји, и неговиот помлад брат Валенс за источните земји. И двајцата браќа биле големи христијански верници, но и покрај тоа тие ги толерирале различните религиозни конфликти. Во првите години на владеењето на Валенс се случил државен удар од страна на роднина на Јулијан Отпадник, Прокопиј, кој ја зазел престолнината. Во тоа време Валенс бил на поход против Персија и кога разбрал веднаш се вратил во градот и го погубил на узурпаторот. Конфликтите продолжиле кога друг роднина на Јулијан го зазел Халкедон, но и тој бил заробен и погубен. Како одмазда, Валенс наредил погубување на сите кои биле поврзани со конфликтот, како и рушење на ѕидините на Халкедон. Во 375 година починал Валентинијан I и на негово место застанал неговиот син Грацијан. Во 378 година започнала инвазијата на Готите а самиот цар во Битката кај Адријанопол бил убиен. По ова Готите се упатиле кон Цариград но не успеале во походот. На негово место бил поставен Теодосиј I, кој како август бил прогласен на 19 јануари 379 година.
Теодосиева династија Теодосиј бил решен да го искорени ересот и во своето владеење издал вкупно единаесет едикти. Од друга страна, тој бил толерантен кон Евреите и по неколкупати издавал наредби за повторното градење на синагоги, уништени од христијаните. Тој бил апсолутен противник на паганството и издал неколку закони со кои го забранил пренесувањето на жртви во чест на боговите, и дозволил голем број храмови да бидат уништени или да бидат претворени во цркви. Најмногу драстичните закони против паганството биле издадени во 391-392 година. Во овој период, сите храмови во целата империја биле затворени за посета, а било забрането дури и приватното поклонение пред паганските богови под заканата од жестоки казни. Во периодот од мај до 9 јуни 381 година бил одржан Вториот вселенски собор во Цариград со цел да се стави крај на аријанскиот спор кој продолжил и по Првиот вселенски собор во Никеја.
Bo 395, Теодосиј I ја препуштил царската власт на неговите синови: Аркадиј на Истокот и Хонориј на Западот, распределувајќи ја царската управа. Во V век источниот дел на империјата бил во голема мера поштеден од потешкотиите со кои се соочувал западниот, делумно поради повоспоставената урбана култура и финансиски ресурси, кои овозможиле да се смират напаѓачите со данок и да се платат странските платеници. Овој успех му овозможил на Теодосиј II да се фокусира на кодификацијата на римскиот закон и понатамошна фортификација на ѕидините на Цариград, кои го направиле градот отпорен на повеќето напади сè до 1204 година.. На 27 февруари 425 година бил основан Цариградскиот универзитет на грчки и латински јазик. Во 438 година бил издан "Codex Theodosianus" кој ги содржал сите закони кои биле издадени од Константин Велики до Теодосиј II.
За да ги одбие Хуните, Теодосиј требал да му плати огромен надоместок на Атила. Неговиот наследник, Маркијан, одбил да продолжи со плаќањето на данок, но Атила веќе го пренасочил своето внимание кон Западот. По неговата смрт во 453, Хунската империја се распаднала и многу од преостанатите Хуни биле најмувани како платеници во Цариград.; ; . Теодосиј починал во 450 година, а на негово место застанал Маркијан. Сестрата на новиот цар, Евдоксија сè уште имала голема улога во управувањето на земјата па дури му станала и сопруга. Во 451 година се одржал Четвртиот вселенски собор во Халкидон (денешен Кадиќој).
Лавова династија По падот на Атила, Источната империја поминала низ мирен период, додека Западната империја се влошила поради непрекината миграција и проширување на германските нации (крајот најчесто се сместува во 476 кога германскиот римски генерал Одоакар го соборил титуларниот западен цар Ромул Августул.). Во 480 царот Зенон ја укинал поделбата на империјата и се направил единствен владетел. Одоакар, сега владетел на Италија, бил номинално подреден под Зенон, но дејствувал со целосна автономност, обезбедувајќи поддршка за бунтот против царот.
Зенон преговарал со напаѓачките Остроготи, кои се населиле во Мизија, убедувајќи го готскиот крал Теодорих Велики да замине за Италија како magister militum per Italiam („врховниот командант за Италија“) со цел да го депозиционира Одоакар. Со барањето од Теодорих да ја освои Италија, Зенон го ослободил Источното царство од непослушниот подредник (Одоакар) и преместил друг (Теодорих) подалеку од срцето на империјата. По поразот на Одоакар во 493, Теодорих сам владеел со Италија, иако никогаш не бил сметан за „крал“ (rex) од источните владетели.
Во 491, Анастасиј I, возрасен граѓански службеник со римско потекло, станал цар, но тоа не се случило сè до 497 кога силите на новиот цар делотворно презеле мерка за изауријскиот отпор.. Анастасиј се претставил како енергичен реформатор и способен управник. Тој го усовршил монетарниот систем на Константин I со конечно поставување на тежината на бакарниот фолис, монета која се користела во секојдневните трансакции.. Тој исто така го реформирал даночниот систем и трајно го укинал хрисаргирскиот данок. Државната каса изнесувала огромна сума од 150,000 килограми злато кога Анастасиј умрел во 518..
Јустинијанова династија
Јустинијан I, син на илирски селанец, можеби веќе имал делотворна контрола за време на владеењето на неговиот чичко, Јустин I (518–527).. Тој го презел престолот во 527 и го надгледал периодот на опоравување на поранешните територии. Во 532, обидувајќи се да ја обезбеди источната граница, потпишал мировен договор со Сасанидите. Истата година, тој преживеал бунт во Цариград (бунтот Ника), кој ја зацврстил неговата моќ, но завршил со смрт на 30,000 до 35,000 демонстранти по негова наредба.; .