Византиска морнарица или источноримска морнарица — збирен поим за поморските сили на Византија. Како и на царството кое ја користело, таа била директно продолжување на традицијата на римската морнарица, но имала голема улога во одбраната и зачувувањето на државата за разлика од нејзиниот претходник. Додека флотите на обединетото Римско Царство се соочувале со поголеми морски закани, функционирајќи како полициска сила биле мошне послаби во моќ и престиж од легиите, морето било пак од голема важност за опстанокот на источниот дел на царството, па така некои научници ја нарекуваат и „поморско царство“.
Првата закана за Рим во Средоземјето била заканата од вандалите во век, но нивната закана била отстрнета во војните на Јустинијан I во век. Воспоставувањето на постојано одржувана флота и воведувањето на дромонот галија во тој период го означува моментот кога византиската морнарица почнала да се одвојува од нејзините римски корени и да развива сопствен карактеристичен идентитет. Овој процес забрзал со започнувањето на муслиманските освојувања во век. По загубата на Левант а подоцна и Африка, Средоземното Море било трансформирано од „римско езеро“ во поморско боиште меѓу Византијците и Арапите. Во овие борби, византиската флота била критична, не само за одбраната на далечните поседи на царството околу Средоземјето, туку и за одбивање на нападите на главниот град. Притоа бил употребен штотуку измислениот „течен оган“, најстрашното и најпознатото оружје на византиската морнарица, и токму со ова оружје Цариград бил спасен од опсади и во бројни поморски битки биле извојувани победи.
Првично, одбраната на крајбрежјето и приодите до Цариград биле чувани од големата флота Карабисијан. Понатамошно истата била поделена во неколку регионални флоти, додека во главниот град била централната флота, која го заштитувала градот и го образувала јадрото на поморските експедиции. Кон крајот на век, византиската морнарица, добро организирана и одржувана сила повторно станала доминантна поморска моќ во Средоземјето. Непријателството со муслиманските морнарици продолжил со променлив успех, но во век, византијците успеале повторно да ја наметнат својата моќ во срдоземјето.
За време на век, морнарицата, како и самото царство, почнле да слабеат. Засегнати со нови поморски закани од запад, византијците морале да се потпрат на морнариците на италијанските градови држави како што била на пример Венеција и Џенова, што имало катастрофални последици на византиската економија и суверенитет. Периодот на обнова под владение на Комнините бил следен со уште еден период на слабеење, што кулуминирал со катастрофалното распаѓање на царството за време на Четвртата крстоносна војна во 1204 година. Откако царството било возобновено во средината на век, поточно во 1261 година, неколку цареви на Палеолошката династија се обиделе да ја возобноват морнарицата, но нивните напори дале само привремен успех. Кон средината на век, византиската флота, која некогаш можела да постави стотина бродовви на море, сега била ограничена само на неколку дузина бродови, и контролата на Егејот минала во рацете на италијанските и османлиските морнарици. Смалената морнарица, сепак, продолжила да биде активна сè до падот на Византија под османлиско владение во 1453 година.
Историја на дејствување
Првичен период
Граѓански војни и варварски напади: и век
Византиската морнарица, како и самото царство, бил дел од Римското Царство и неговите институции. По Битката кај Акциум во 31 п.н.е, во отсуство на надворешна закана во Средоземјето, римската морнарица била коистена како полициска сила или пак за придружба на трговските бродови. Немало веќе големи поморски битки, како Пунските војни, и римките флоти се состоеле од мали бродови, кој биле најсоодветни за моменталните потреби.На почетокот на век, постојаните римски флоти се смалиле, па така кога флотите на соперничките цареви Константин Велики и Ликиниј се се судриле во 324 година, биле составени од новоизградени бродови или пак бродови од источните градови на источното Средоземје. Граѓанските војни од и век, сепак, ја заживеале изградбата на флоти, чија улога била пренос на армиите. Значајни поморски сили продолжиле да се употребуваат во западното Средоземје низ првата четвртина на век, особено од Северна Африка, но власта на Рим била предизвикана кога Африка била заземена од страна на Вандалите во период од 15 години.
Новото Вандалско кралство на Картагина, под владение на способниот крал Гејсерих, веднаш започнало со грабежи на крајбрежјата на Италија и Грција, дури и во грабежот на Рим во 455 година. Вандалските грабежи продолжиле непречено да се одвиваат во наредните двве декади, и покрај римските обиди да бидат поразени. Западното царство било немоќно, неговата морнарица се свела на речиси ништо, но источните цареви сè уште можеле да се пофалат со поморско знаење и бродови во источното Средоземје. Првата источна експедиција во 448 година, сепак, не отишла подалеку од сицилија, а во 60 година, Вандалите ја нападнале и уништиле западната римска флота во Картагена во Шпанија.Конечно во 468 година, голема источна флота била собрана под водство на Василиск, која броела 1.113 бродови и имла 100.000 луѓе, но истата потфрлила катастрофално. Околу 600 бродови биле изгубени поради брандери, и финасискиот трошок од 130.000 илјади фунти во злато и 700.000 илјади фунти во сребро скоро да го банкротирале царството. Ова ги приморало Римјаните да се спогодат со Гејсерих и да потпишат мир. По смртта на Гејсерих во 477 година, вандалската закана се намалила.
век – Јустинијан воспоставува контрола над Средоземјето
век го означил возобновувањето на поморската моќ. Во 508 година, како што се зголемувал антагонизмот кон Остроготското кралство на Теодорих, царот Анастасиј I (491–518) е забележано дека испратил 100 воени бродови да го ограбуваат крајбрежјето на Италија. Во 513 година, генералот Виталијан се побунил против Анастасиј. Бунтовниците составиле флота од 200 бродови, и покрај првичните успеси, истите биле уништени од адмиралот Марин, кој употребил запалива супстанца заснована на сулфур за да ги порази.
Во 533 година, искористувајќи го отсуството на вандалската флота, која била испратена да го сузбие бунтот во Сардинија, армија од 15.000 луѓе под водство на Велизар била пренесени во Африка од страна на флота од 92 дромони и 500 транспортни бродови, со што започнала Вандалската војна, една од првите војни за освојување на царот Јустинијан I (527–565). Ова била доста амбициозни зафати,овозможени со контрола на Средоземјето, и флотата играла важна улога во носењето на залихи и засилување до распостранетите гарнизони и експедициони сили. Овој факт не останал незабележан од страна на византиските непријатели. Веќе во 520-ите, Теодорих планирал да изгради масивна флота за да се справи со византијците и вандалите, но неговата смрт во 526 година ја спречила реализацијата на неговите планови. Во 535 година, започнала Готската војна со византиска офанзива на два фронта, со флота која повторно ја пренела Велизаровата армија во Сицилија и подоцна во италија, и друга армија која ја нападнала Далмација. Византиската контола на морето била од голема важност, дозволувајќи и на малата византиска армија да го звземе полуостровот до 540 година.
Сепак во 541 година, новиот остроготски крал, Тотила, создал флота од 400 воени бродови со кои ги бранел береговите околу Италија од Византијците. Две византиски флоти биле уништени во близина на Неапол во 542 година, и во 546 година, Велизар лично командувал 200 бродови против готската флота која го блокирала устието на Тибар, во неуспешен обид да го спаси Рим. Во 550 година, Тотила ја нападнал Сицилија, и наредната година, неговата флото од 300 бродови ги освоила Корзика, и го ограбила Крф и крајбрежјето на Епир. Сепак, поразот во поморската битка кај Сена Галика гоо означила почетокот на последната империска надмоќ. Со конечното освојување на Италија и јужна Шпанија под водство на Јустинијан, Средоземјето повторно станало „Римско езеро“.
И покрај постепеното губење на Италија под дејство на Лангобардите, Византија ја задржала контролата на морињата околу полуостровот. Бидејќи Лангобардите ретко се упатувале на море, византијците успеале да задржат неколку крајбрежни италијански територии со векови. Единствената поголема поморска акција била по 80 години за време на Опсадата на Цариград од страна на сасанидите, Аварите и Словените во 626 година. За време на таа опсада, словенската флота од моноксили била пресретната од византиската флота и била уништена, оневозможувајќи и на персиската армија да мине преку Босфор што пак ги приморало Аварите да се повлечат.
Борби против арапите
Пјава на арапската поморска закана
За време на 640-ите, муслиманското освојување на Сирија и Египет создало нова закана за Византија. Не само што арапите ги освоиле значајните регрутни и приходни области, туку и по употребата на силната византиска морнарица при заземањето на Александрија во 644 година, тие започнале да создаваат сопсвена флота. Во оваа задача новата муслиманска елита, која потекнувала од копнените внатрешни делови на Арапскиот полуостров, главно се потпирала на ресурсите од освоениот Левант (особено на Коптите од Египет), кои само до пред неколку години претходно произведувале бродови и екипаж за византијците. Сепак, постојат докази во новите морски бази и палестинските бродоградилишта биле употребени бродоградители од Персија и Ирак. Недостатокот на цртежи порано до век, значи дека ништо не се знае за одликите на првите муслимански бродови, иако вообичаено се претпоставува дека напорите за изградба на флотата се засновале на веќе постоечката Средоземна поморска традиција. ако се земе предвид споделената поморска номенклатура, и долговековната заемна рамена меѓу двете култури, византиските и арапските бродови споделувале многу сличности. Оваа сличност се однесувал и на употребата на тактики и општата органиација на флотата, односно со преводите византиските воени упатства биле достапни на арапските адмирали.
По заземањето на Кипар во 649 година и ограбувањето на Родос, Крит и Сицилија, младата арапска морнарица успешно ја совладала византиската морнарица под лична команда на царот Констанс II (641–668) во Битката на јарболи од 655 година. Овој катастрофален пораз на византијците го отворило Средоземјето на Арапите, и зпочнало долговековни борби за владение и контрола на средоземјето. За време на владението на Муавија I (661–680), грабежите зачестиле, како што се справеле подготовки за напад на самиот Цариград. При долгата прва арапска опсада на Цариград, Византиската флота се покажала од голема важност за преживувањето на царството: арапските флоти биле поразени со употребата на новото тајно оружје — течниот оган. Муслиманскиот напредок во Мала Азија и Егејот бил сопрен, по што следел договор за примирје кој траел наредните 30 години.
Во 680-ите, Јустинијан II (685–695 и 705–711) обрнал внимание на потребите на морнарицата, зајакнувајќи ја со преселувањето на 18.500 мардаити по јужното крајбрежје на царството, каде биле употребени како морнари и веслачи. Сепак, арапската поморска закана се зголемувала како што тие постепено преземале контрола над Северна Африка во 680-ите или 690-ите. Последното византиско упориште, Картагина, била освоена во 698 година, иако византиска поморска експедиција успеала накратко да го освои градот во Битката за Картагина. Арапскиот владетел Муса бин Нусајр изградил нов град и морска база во Тунис, и 1.000 коптски бродоградители биле донесени да изградат нова флота, која ќе ја предизвика контролата на византијците на средоземјето. Така, од почетокот на век, муслиманските грабежи без прекин се одвивале во западните поседи на царството, особено на Сицилија. Во продолжение, новата флота ќе им овозможи на муслиманите целосно да ја освојат Северна Африка и успешно да освојат поголем дел од визиготска Шпанија.
Византиски противнапад