Сушица () — река во јужна Албанија, притока на Војуша со должина од 80 км. Извира во кај с. Куч во општината Химара, Валонска област. Тече во северозападен правец низ местата Братај, Кота и Сушица, па се влева во Војуша источно од с. Бешиште, североисточно од Валона.

Кон крајот на 1943 г. на ова подрачје се случила Битката кај Драшовица помеѓу албанските партизани и германските сили.

Категорија:Реки во Албанија