Дреновца — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 13 километри западно од градот Петрич, во планински регион. Селото се наоѓа на надморска висина од 398 метри.

Историја Османлиско Царство Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Дреновци. Во истата година, во селото живееле 4 муслимански семејства и 17 христијански семејстваТурски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.630 – 631..

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дреновца (Drenovtza) е село со 20 семејства и 55 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 150-151..

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187..

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Наводи

Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија