Еремија I (, починал во 1546 г.) двапати бил Вселенски патријарх, од 1522 до 1524 и од 1525 до 1546 година.
Живот Еремија се родил во Зица во Епир и израснал без настава. Тој станал архиепископ на Софија во или пред 1513 година. На 31 декември 1522 тој станал цариградски патријарх.
Набрзо по неговото избирање, тој патувал во Кипар, Египет, Синај и Палестина. За времепрестојот во Ерусалим, свештенството и првенците на Цариград го депозиционирале во април или мај 1524 и на негово место го избрале митрополитот на Созопол, патријархот Јоаникиј I. Еремија реагирал и заедно со патријасите на Александрија и Антиохија кои ги повикал во Ерусалим, го изопштил Јоаникиј. Тој бил вратен во Цариград на 24 септември 1525 година.
Во 1537 Еремија постигнал, кај султанот Сулејман Величествениот, да се запре претворањето на црквите во џамии во Цариград, но оваа одлука не била прифатена од Сулејмановите престолонаследници. Еремија починал на 13 јануари 1546 во градот Враца, додека патувал кон Влашка.
Белешки
Надворешни врски
Категорија:Родени во 15 век Категорија:Починати во 1546 година Категорија:Луѓе од Зица Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Грци од 16 век Категорија:Христијански светци од 15 век