Константин Дука или Констанциј (грчки: Κωνστάντιος Δούκας, латински: Konstantios Дукас; околу 1060 - † 18 октомври 1081 во Драч) бил совладетел на Византија во периодот од 1060 до 1078 година и претендент на престолот во текот на 1078/1079 година, од династија Дука.

Константин Дука потекнува од византиската аристократска фамилија Дука. Негов татко бил Константин Дука (1006-1067), кој како Константин X Дука бил цар од 1059 до 1067 година. Мајка му била Евдокија Макремболитиса (1021-1096), регентка на империјата 1067 и 1071 година, која по смртта на неговиот татко се омажила за Роман Диоген, кој е од 1068 до 1071 година како Роман IV Диоген бил византиски цар.

Константин Дука бил најмалиот син на Константин X, но единствениот кој е роден по неговото зазимање на престолот и затоа го има почесното име "Порфирогенит". Константин вил прогласен за совладетел уште при раѓањетоCanduci, pg. 274, заедно со неговиот поголем брат МихаилNorwich, John, Byzantium: The Apogee, pg. 361.

Кога неговиот татко починал во 1067 година, Константин имал седум години додека неговиот брат Михаил, како прв наследник на престолот, бил сѐ уште малолетен. Поради тоа, неговата мајка Евдокија го презела регентството. Мајка му се омажила во 1068 година за генералот Роман Диоген, кој бил крунисан како Роман IV Диоген.

Константин Дука бил убиен како командант на војската на 18 октомври 1081 година во Битката кај ДрачCanduci, pg. 274 во војна против Норманите.

Не е познато дали Константин Дука се оженил и дали имал деца.

Наводи

Литература

George Finlay, History of the Byzantine and Greek Empires from 1057–1453, Volume 2, William Blackwood & Sons, 1854

Категорија:Византиски цареви од 11 век Категорија:Дука (династија) Категорија:Родени во 1060 година Категорија:Починати во 1081 година