Марино Поле — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија. мини|Стара куќа во селото мини|Парк во селото мини|Дуќан во селото
Географија и местоположба
Селото Марино Поле се наоѓа на 20 километри североисточно од Петрич, и е расположено во Светиврачко-петричката Котлина, на легиот брег од реката Струма. Селото се наоѓа на 13 километри источно од Петрич, надморска висина од 92 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 5.515 км2, а лево од него поминува Европскиот пат Е79.
Историја Османлиско Царство
Постои легенда според која селото го носи името на една девојка Марија, која избегала со својот љубовник, но била фатена и убиена од нејзиниот татко. Таа била погребана во областа на денешното село. Коските подоцна биле расфрлени на местото каде денеска се наоѓа соседното село МарикостиновоЕнциклопедия "Пирински край". Том 1, Благоевград, 1995, стр.548..
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Демирхисарската Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Марино Поле (Marino-polé) е село со 50 семејства и 180 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138-139..
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 90 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 185.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 80 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 192-193..
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 862.
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1913-1916 година, во селото се населиле бегалци, главно од селата Кумлија, Сенгелово и Спатово - Демирхисарско, Кула и Хазнатар - Серско.
Во октомври 1925 година, за време на грчко-бугарскиот граничен конфликт познат како Петрички инцидент, селото било окупирано од грчката армија.
За време на Втората светска војна, во селото имало германски воени гробишта.
Население +Население на Марино Поле по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 269 569 435 483 414 387 350 359 301 290
+Население по возраст од 2011 година:
Наводи
Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија