„Поштарот“ — американски филм, во режија на Кевин Костнер. Главните улоги ги играат: Кевин Костнер, Вил Патон и Ларенз Тејт.
Содржина Дејството на филмот се одвива во постапокалиптичната Америка, каде се појавува човек во униформа на поштар, кој на луѓето им ги разнесува пратките од времето пред катастрофата.„Поштарот“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 25.
Филмски критики Поштарот добил многу негативни реценции од критичарите.
Стефан Холден од The New York Times го критикувал филмот поради "лажната сентименталност" и "претераниот џингоизам". Роџер Иберт го опишал Поштарот како "филм со добро срце" но "прост... и претенциозен".
Според агрегаторот Rotten Tomatoes, 3 од 32 филмски критичари филмот го оцениле со позитивен извештај, со "Rotten" резултат од 9% и просечен рејтинг од 3.8/10. Metacritic го оценил филмот со 29/100 засновано на 14 рецензии.
Заработка Филмот доживеал тотален неуспех во киносалите. Во првите четири дена од прикажувањето филмот заработил само 5.3 милиони долари од вкупно 2,207 проекции. Буџетот на филмот изнесувал 80 милиони долари, но вкупната заработка изнесувала помалку од 18 милиони долари.
Филмот бил издаден во VHS и DVD на 9 јуни 1998, и на Blu-ray диск на 8 септември 2009.
Награди и номинации Награда Вид Номинација за ИсходНаграда СатурнНајдобар научнофанатастичен филмНајдобар глумец во споредна улогаВил ПатонНајдобар глумец во главна улогаКевин КостнерНаграда Златна малинаНајлош глумец во главна улогаНајлош режисерНајлош филмКевин Костнер Стив Тиш, и Џим ВилсонНајлошо сценариоЕрик Рот и Брајан Хелгеланд, засновано на истоимениот роман Најлоша оригинална песнаЦелиот саундтрак
Надворешни врски
Наводи
Категорија:Филмови со Кевин Костнер Категорија:Филмови со Вил Патон Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на Кевин Костнер Категорија:Филмови од 1997 година Категорија:Филмови на англиски јазик