Чучулигово — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото Чучулигово се наоѓа на 15 километри источно од Петрич, во Петричко-санданската котлина, на левиот брег од реката Струма, во непосредна близина на бугарско-грчката граница. Селото се наоѓа на надморска висина од 79 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 3.839 км2. Западно од селото се наоѓа европскиот пст Е79, на околу 1 километар северно од Кулата.

Историја

Селото било основано по Балканските војни од 1913 година од бегалци од Егејска Македонија и го носи името на напуштеното село Чучулигово, Серско. Во 1919 година, во селото се населиле и бегалци од други села во Серско.

Во октомври 1925 година, за време на грчко-бугарскиот граничен конфликт познат како Петрички инцидент, селото Чучулигово било окупирано и запалено од грчката армија.

Население Еве преглед на населението на Чучулигово низ годините: +Население на Чучулигово по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 405 593 501 482 362 296 262 234 184 187

+Население по возраст од 2011 година:

Личности Родени Мирчо Разбојников (1918-2004), партизан

Починати Георги Хазнатарски (Гогата Хазнатарски) (1877 -1941), македонски револуционер, војвода на ВМРО Крсто Хаџииванов (1929-1952) поет Лазар Кунгалов (1884 -1970), македонски револуционер, војвода на ВМРО Тома Радовски (1862 -1957), македонски револуционер, војвода на ВМРО Христо Радовски (1903 – 1980), македонски револуционер, војвода на ВМРО Иван Радовски (1905 – 1978), македонски револуционер, војвода на ВМРО Марко Радовски (1908 – 1984), македонски револуционер, војвода на ВМРО

Поврзани Емилија Божинова (1970), попфолк пејачка

Наводи

Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија