200px|мини|Минбар од отоманскиот период на џамијата Мола Челеби во Истанбул. Минбер — простор во џамијата каде имамот (водачот на молитвата) стои за време на хутбата.
Функција на минберот мини|лево|200п|Минбер во Ортаќој-џамијата во Истанбул
По својата функционалност, минберот во целост е говорница. Како што е пракса и кај класичните говорници, минберот е издигнато место за да обезбеди говорникот јасно да се слуша во целиот простор на џамијата. Исто така, неговата висина придонесува на видливоста на предавачот од страна на слушачот.
Изглед на минберот Минберот обично е во облик на мала кула со скали кои водат до неа. Често е преполн со орнаменти и богато украсен. Првобитните минбери биле обични дрвени подножја со 3 скалила, но со време станал составен знак на исламската архитектонска препознатливост. Денешните минбери во Босна и Херцеговина имаат 12 скалила, што одговара на турската традиција.
Позиција на минберот Минберот е позиционира десно од михработ, место кое го означува правецот на молитвата, т.е. правецот на Ќабата кон која се вртат муслиманите при молитва. Исто така, обичај е и минберот да биде свртен во правец на Ќабата.
Поврзано Џамија
Надворешни врски
Категорија:Џамии Категорија:Арапски зборови Категорија:Турцизми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ