300px|мини|Класична слика од кибернаут, овде со VR опрема на НАСА (HMD). Интернаут - корисник на интернет-мрежата.

Потекло на поимот Терминот интернаут е неологизам, кованица од зборот „интернет“ и наставката „наут“ (навигатор, пловец).

Значи, тој означува лице кое користи пребарувач за да посети мрежни места и, дополнително, секое лице кое користи информатичка апликација која му овозможува да добие информации на интернет, или да оствари активност со други лица: електронска пошта, чет, пренос на податотеки, форуми за дискусија, итн.

Мобинаут е корисник на интернет на мобилен телефон.

Социолошко влијание Социолошките анализи на типовите на интернаути и начините на кои го користат интернетот се сè побројни. Особено се зборува за предмет на користењето, „интернет-култура“ или киберкултура. Бројни дебати се одвиваат на позитивните и негативните аспекти за поединците во општеството.

Број на корисници и нивна географска распределба Бројот на интернаути брзо расте: Во 2003 година; 800 милиони, Азија - 256 милиони, Европа - 224 милиони и Северна Америка - 223 милиони. На крајот на 2007 година: 1,319 милијарди (Африка - 44 милиони, Азија - 510, Европа - 348, Среден Исток - 33, Северна Америка - 238, Јужна Америка - 126, Австралија и Океанија - 19). На крајот на 2008 година, бројот на интернаути е проценет меѓу 1 и 1,5 милијарди.. Азија – од 416 до 650 милиони, Европа – од 282 до 390 милиони и Северна Америка – 185 до 246 милиони. Проценето е дека во 2009 година имало 1,6 милијарди интернаути (со поврзани околу 422 милиони домаќинства, односно секое петто домаќинство било поврзано на интернет на крајот на 2009 година). Во 2011 година МУТ (Меѓународна унија за телекомуникации) објавува дека бројот на интернаути во 2010 години поминал 2 милијарди..Jupiter Research, цитиран од journal du net.

Генерално се смета дека процентот на интернаути во однос на населението е критериум, индикатор на економскиот развој. Се зборува за дигитален јаз за големите диспаритети поврзани со географските зони или социо-економски категории.

Личност на годината според Тајм магазин На 18 декември 2006 година, Тајм магазин ги избра интернаутите како личност на годината за 2006 година. Од своето основање во 1926 година, тоа било осми пат да не биде избрана конкретна заслужна личност, туку група на лица. На овој начин американскиот магазин сакаше да им оддаде почест на бројните анонимни интернаути кои ја презедоа контролата на информациите на веб благодарение на апликациите Web 2.0.

Поврзано Внатрешни врски Семрежје

Надворешни врски ИКТ податоци 2014 (МУТ)

Наводи

Категорија:Семрежје Категорија:Информатичко општество Категорија:Неологизми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ