Студва е река во источна Хрватска и северна Србија долга 37 километри. Целото течение на реката се наоѓа во регионот Срем.
Студва извира во западен Срем во Хрватска, близу селото Гуња. Тоа е спора, кривулеста река и се прелева во неколку мочуришта како што тече во селата Ѓуриќи, Дреновци, Сољани и Врбања.
Покрај средновековните рушевини на градот Звезданград, Студва станува гранична река помеѓу Хрватска и Србија. Кај селото Моровиќ во Војводина, Студва се влева во реката Босут.
Категорија:Реки во Хрватска Категорија:Реки во Србија Категорија:Географија на Војводина Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Погранични реки Категорија:Српско-хрватска граница Категорија:Притоки на Сава Категорија:Срем