мини|100п|десно|Фотодиода (зголемена)

Фотодиода — полуспроводнички елемент со еден PN спој и два извода чија електрична проводност се менува со промена на светлосниот флукс кој паѓа на површината на спојот.д-р Чешелкоска В., д-р Попниколова-Радевска М., ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ЕЛЕКТРОНИКА, Министерство за образование и наука на Република Македонија, ISBN 978-608-226-293-2 (е-учебник), стр. 139 Заради оваа особина наоѓа примена како електронски сетилник (сензор). Битна особина на фотодиодата е дека врши само (исклучително брза) детекција, а не врши улога на засилувач, за разлика од фототранзисторот. Исклучок се лавинските фотодиоди. Фотодиодата се прави од полуспроводен материјал како и обичната диода.

Примена Заради брзата реакција на светлосното ниво, фотодиодите се применуваат во оптоелектрониката каде брзината на работа е најважна. На пример употребата на оптички изолациски парови (оптокаплери), сензори на позицијата (енкодери), многу брза комуникација преку оптички кабел и други.

Материјал Од материјалот зависи осетливоста во определен дел од електромагнетниот спектар.

Материјал Бранова должина (nm) Силициум 190—1100 Германиум 400—1700 Индиум-галиум-арсенид 800—2600 Оловен сулфид < 1000—3500

Симбол Симболот на фотодиодата е прикажан на сликата. мини|150п|десно|Симбол за фотодиода

Предности и мани Предност се ниската цена и многу брзата работа (во однос на фотоотпорникот и фототранзисторот). Мана е немањето засилување (освен кај лавинската фотодиода).

Наводи

Поврзано Оптоелектроника Фотоотпорник Фототранзистор

Надворешни врски

Мерење на јачината на светлината со фотодиода

Категорија:Електроника Категорија:Оптоелектроника Категорија:Диоди Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Неологизми