Јосип Иличиќ (роден во Приедор на 29 јануари 1988) — словенечки фудбалер, играч од средниот ред на Аталанта и на словенечката репрезентацијата.

Животопис Иличиќ е роден во Босна и Херцеговина, но по смртта на неговиот татако за време на војната, се преселил во Словенија кога имал само една година, заедно со својата мајка Ана и братот Игор. Тој исто така поседува и хрватски пасош.

Кариера Почетоци Иличиќ започнал да игра фудбал во младинските категории на Триглав и Бритоф, а потоа се преселил во екипата на Бонифика Изола каде дебитирал како професионалец, во последната сезона од постоењето на клубот пред тој да се распадне во 2008 година.Il retroscena - Ilicic: un mese fa costava 150 mila euro Palermo24.net

Интерблок Љубљана Потоа тој се преселил во екипата на Интерблок Љубљана, каде во првата сезона играл под водство на италијанскиот тренер Алберто Бигон.

Тој го направи своето деби за Интерблок на 9 август 2008 година на четвртото коло од словенечкото првенството против Рудар Велење, влегувајќи како замена во 81-вата минута на местото на Мартин Прегељ, во поразот со 2-0.Rudar Velenje-Interblock Ljubljana 2-0 Transfermarkt.it Првиот негов гол дошол во 23-тото коло, во победата со 3-2 против Драва Птуј, за моментален резултат 3-1 во 87-мата минута, и тоа откако во натпреварот влегол како замена во 65-тата минута на местото на Амер Јукан.Interblock Ljubljana-Drava Ptuj 3-2 Transfermarkt.it Својата прва сезона во Интерблок Љубљана ја затворил со 27 натпревари и 9 постигнати гола во првенството (вклучувајќи го и хет-трикот во 34-тото коло против Нафта, во натпревар што завршил нерешено 3-3)Nafta Lendava-Interblock Ljubljana 3-3 Transfermarkt.it и 4 натпревари и еден гол во Купот на Словенија.

Во сезоната 2009-2010 Иличиќ одиграл 28 натпревари во првенството постигнувајќи 3 гола (плус два натпревари од баражот за опстанок, во кој неговиот тим излегол како поразен од екипата на Триглав) 3 натпревари со еден постигнат гол во словенечкиот куп, (во осминафиналето тој постигнал еден од двата гола против Одранци во победата со 0-2 со кој го одвел својот тим до два четвртфинални натпревари против Нафта Лендава)http://www.transfermarkt.it/josip-ilicic/leistungsdaten/spieler/80351/plus/?saison=2009 .* Имајте на ум и дека во резимето на словенечкиот куп стои 2 натпревар (1) гол, а треба да биде 3 (1), очигледно има грешка во копирање. и два нозе во третото квалификациско коло од Лигата на Европа во кој неговиот клуб загубил со вкупни 5-0 од украинскиот претставник Металург Донецк, со што го направил своето деби во меѓународните натпревари за клубот.

Од 2008 до 2010 година, за Интерблок, постигнал 12 гола во 55 натпревари од лигата (14 гола во 66 натпревари во сите натпреварувања), одржувајќи одлични перформанси.

Поради економската криза на екипата, чиј претседател раководи и со некои казино компании со помош на австралиски претприемач, екипата почнува да игра лошо, а по последователната реорганизација на ангажмани на играчите и намалувањето на просечната возраст; епилогот бил испаѓање во втората лига.

Марибор Неговиот трансфер во Марибор бил дел од следнава стратегија: Златко Заховиќ, спортскиот директор на Марибор и пријател на претседателот на Интерблок, го купува во текот на летото на 2010 година за 80.000 €,Il nuovo derby Palermo24.net потпишувајќи договорот во вредност од 120.000 евра по сезона.

Дебитирал во новиот дрес на 15 јули 2010 година, влегувајќи како замена во второто квалификациско коло од Лигата на Европа на гостувањето во Унгарија кај Видеотон (1-1), влегувајќи како замена во 71-вата минута на местото на Дејан Мезга.Videoton-Maribor 1-1 Transfermarkt.it

Својте први голови во дресот на Марибор ги постигнал во текот на третото квалификациско коло од Лигата на Европа победата со 3-0 над шкотскиот Хибернијан, каде што Иличиќ постигнал два гола;Maribor-Hibernian 3-0 transfermarkt.it првиот и единствениот негов гол за клубот во лигата, го постигнал во петтото коло од првенството, во натпреварот Марибор-Цеље (2-0), постигнувајќи го првиот гол на натпреварот во 9-тата минута. Maribor-Celje 2-0 Nkmaribor.com

Може да се каже дека Иличиќ станал меѓународно познат по првиот натпревар од плејофот рундата на Лигата на Европа против италијанскиот Палермо (пораз со 3-0), во кој прикажал одлична игра на Стадионот Ренцо Барбера.Palermo, per il centrocampo occhi puntati su quel "diavoletto" di Ilicic Tuttopalermo.net Во реваншот му помогнал на Марибор да победи со 3-2, и неговиот гол дошол во вистинско време на почетокот на второто полувреме за моментални 2-0, но набргу потоа Палермо успеал да израмни.Il Palermo cade a Maribor ma passa sportmediaset.mediaset.it

Во Марибор - кој на крајот на сезоната ја освои титулата во Словенија - Иличиќ одиграл вкупно 11 натпревари (пет во првенството и шест во Лига Европа) со 4 постигнати голови (еден во првенството и три во Лига Европа), за само неколкуте недели, во кои бил член на тимот.

Палермо На 27 август 2010 година, екипата на Марибор објавила дека го продала играчот на Палермо, екипата од која претходниот ден биле елиминирани во Лига Европа. ILIČIĆ IN BAČINOVIĆ V PALERMO, REP IZ CELJA V MARIBOR Nkmaribor.com Трансферот бил формализиран на 31 август, последниот ден од летниот фудбалски трансферен прозорец.Tutti i trasferimenti - Palermo Legaseriea.it Иличиќ потпишал договор на пет години со новиот клуб за плата од 300.000 евра по сезона, а неговиот трансфер ги чинел сицилијанците 2.200.000 €; заедно со него во Палермо пристигнал и неговиот соиграч од Марибор, Армин Бачиновиќ.Palermo, Ililic e Bacinovic: due osservati speciali Ttuttopalermo.net

Своето деби за росанеро го направил на 12 септември 2010 година (воедно и негово деби во италијанското првенство), во второто коло од првенството, во кое Палермо загубил со 3-2 на гостувањето кај Бреша; Иличиќ се појавил во игра како замена на местото на Џулио Милјачо во 76-тата минута,Brescia-Palermo 3-2 Ilpalermocalcio.it и одиграл добар натпревар.Palermo, contro l'Inter uno dei due sloveni dall'inizio? Tuttopalermo.net Во следното коло за првпат бил стартер, а исто така успеал да го постигне и својот прв погодок во дресот на Палермо и во италијанското првенство, отворајќи го резултатот во натпреварот против Интер, но неговиот тим на крајот загубил со 2-1 после целосен пресврт; Во 81-вата минута тој бил заменет со Маурисио Пинила.Palermo-Inter 1-2 Ilpalermocalcio.it Во следните натпревари прикажал одлични игри во континуитет, стигајќи до бројката од 4 гола во првите 6 натпревари за Палермо, откако ги погодил мрежите на Јувентус (победа 1-3), Фјорентина (победа 1-2) и Болоња (победа 4-1).Palermo, Ilicic: "Non ho mai segnato con questa continuità" Tuttopalermo.net Кај неговиот прв тренер во Италија Делио Роси тој бил поставен како офанзивен играч од средниот ред во 4-3-2-1 формација, меѓутоа со промената на тренерската позиција и доаѓањето на Серсе Косми на клупата на Палермо, Иличиќ бил користен како внатрешен играч од средниот ред во 3-5-2 формација.Palermo, adesso vincile tutte! Tuttopalermo.net Меѓутоа, по враќањето на Роси на клупата и Иличиќ си ја вратил позицијата од почетокот на сезоната, завршувајќи ја својата прва сезона во Италија со вкупно 39 натпревари и 8 постигнати гола, сите во првенството; исто така тој ги одиграл сите пет натпревари на Палермо во Купот на Италија каде тимот стигнал до финалето во кое загубиле од Интер со 3-1. На 20 јуни го продолжил договорот со клубот за плус уште една година, до 2016,Insieme fino al 2016 Ilpalermocalcio.it со вметната клаузула за откуп од најмалку 20 милиони евра.Juve, sfida all'Inter per Ilicic sportmediaset.mediaset.itPalermo, Ilicic alla Juventus e Sorensen o Amauri a Palermo ? Tuttopalermo.net

Својата втора сезона во клубот ја започнал на 28 јули 2011 година, со првиот натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на Европа игран на Ренцо Барбера против швајцарскиот Тун (2-2), во кој постигнал гол со удар надвор од шеснаесетникот, за моментален резултат 1-1.Palermo-Thun 2-2 it.uefa.com Откако одиграл два натпревари со дресот број 72., кој го носел и во претходната сезона, пред стартот на првенството решил да го промени и го зел оној со број 27;Numeri di maglia: Ilicic prende il 27 Ilpalermocalcio.it претходно носен од аргентинската ѕвезда Хавиер Пасторе кој во летото заминал во Париз Сен Жермен. На 13 декември 2011, во натпреварот Палермо - Сиена (4-7 по изведување на пенали) во осминафиналето на Купот на Италија, го реализирал првиот хет-трик во дресот на Палермо,Palermo-Siena 4-7 d.c.r. Palermocalcio.it (претходно никогаш не постигнал дури ни два гола на еден натпревар за клубот од Сицилија) и втор во кариерата; исто така тој е првиот играч во историјата на Палермо кој успеал да постигне три гола во Националниот куп.Palermo: Ilicic firma la prima tripletta rosanero in Coppa Golsicilia.it Сезоната ја завршил предвреме, поради повреда на левата нога со која се здобил во 36-тото коло од првенството против Наполи,Prima diagnosi per Ilicic Palermocalcio.it со 33 одиграни натпревари и 2 гола (против Болоња во 11-тото коло и Фјорентина во 13-тото коло) во лигата.

Сезоната 2012-2013, ја започнал со погодок против Кремонезе, во третиот круг од Купот на Италија (3-1), но подоцна поради повреда го пропуштил првото коло во новото првенство.Palermo-Napoli, le probabili formazioni: Sannino senza Ilicic, Mazzarri lancia Aronica Tuttonapoli.net Во натпреварот од второто коло против Лацио (0-3), за првпат ја носел капитенската лента на Палермо, по излегувањето од игра на Фабрицио Миколи.Pagelle/ Lazio-Palermo (3-0): i voti della partita (2ª giornata serie A) Ilsussidiario.net На 24 ноември, постигнал два гола во Дербито на Сицилија против Катанија во победата со 3-1, дефинирајќи го тоа како најдобриот ден во неговата кариера.Ilicic: "Il giorno più bello della mia carriera" Palermo24.net На почетокот од сезоната во краткиот период кога тренер бил Џузепе Санино, Иличиќ бил распореден да игра како втор напаѓач.Palermo, Sannino ha trovato il jolly: Ilicic Tuttopalermo.net Во натпреварот на гости против Милан во 29-тото коло од првенството, кој се одиграл на 17 март, го запишал 100-тиот настап за росанеро (91-ви во Серија А, седум во италијанскиот куп и два во Лигата на Европа) и 200-тиот во кариерата

Со голот постигнат во натпреварот против Болоња (1-1) во 32-рото коло, одигран на 14 април, дошол до бројката од 8 гола во сезоната изедначувајќи ги својте перформансите од сезоната 2010-2011. До крајот на сезоната постигнал уште два гола против екипите на Катанија (1-1)Catania-palermo: le formazioni ufficiali Palermocalcio.it и Интер (1-0), завршувајќи со 10 гола во првенството што е негов личен рекорд по бројот на постигнати голови за една сезона. Исто така со вкупно 11 голови (10 во првенството и еден во купот) бил најдобар стрелец на тимот за сезоната. Меѓутоа, и покрај одличните игри на Иличиќ, Палермо испаднал од Серија А со поразот од Фјорентина со 1-0 на 12 мај 2013.

Откако не бил повикан во тренинг-кампот во пресрет на сезоната 2013-2014, Иличиќ го напуштил Палермо после 98 одиграни натпревари во лигата, 7 во Купот на Италија и два во меѓународни рамки, псотигнувајќи вкупно 25 гола.

Фјорентина На 1 август 2013, го комлетирал својот трансфер во ФјорентинаTutti i trasferimenti - Fiorentina Legaseriea.itIlicic ceduto alla Fiorentina Palermocalcio.it за 9.000.000 € (која била платена во три години), плус бонусиQuinquiennale per Ilicic, ecco le cifre Palermo24.net потпишувајќи петгодишен договор за плата од 1,2 милиони евра по сезона.