Споменикот на Александар Македонски — споменик кој се наоѓа во Солун, Грција во непосредна близина на Белата кула и во една од најпопуларните населби во градот, Неа Паралија. Статуата го прикажува македонскиот војсководец Александар Македонски на својот коњ Букефал.
Споменикот бил изграден во 1973 година и е дело на скулптурот Евангелос Мустакас. Бронзената статуа била изработена во Италија.
Висина на статуата е 6 метри додека тежината е 4 тони. Вкупна висина со постаментот е 11 метри.
На западната страна на споменикот од бронза е изработена Битката кај Ис, битка во која Александар Велики бил принуден да побегне од бојното поле од страна на Дариј III.
Општите параметри на комплексот се 23 х 30 метри.
Наводи
Категорија:Згради и градби во Солун