Розамунд Мери Елен ПајкRosamund Mary E Pike. England and Wales Birth Registration Index 1837–2008, FamilySearch. Retrieved 21 November 2014. (родена на 27 јануари 1979 г.) — англиска глумица.
Таа ѝ станала позната на светската јавност по улогата на бонд девојката Миранда Фрост во филмот Умри некој друг ден од 2002 година. Тоа била нејзина прва филмска улога за која ја добила наградата Емпајер за најдобра нова глумица. Пајк потоа играла во филмот Гордост и предрасуда (2005) кој бил адаптација на истоимениот роман на Џејн Остин и во драмата Неодолив развратник (2004), за која ја освоила британската независна награда за најдобра глумица во споредна улога. Улогите во филмовите Образование (2009) и Произведено во Дагенхам (2010) и донеле уште две номинации за истата награда. Таа исто така настапила во блокбастерите Џони Инглиш: Повторно роден (2011), Гнев на титаните и Џек Ричер (2012).
Нејзина најзначајна улога во досегашната кариера е улогата на Ејми Елиот-Дан во трилерот Исчезната на Дејвид Финчер од 2014 година, која и донела многу награди од здруженијата на филмски критичари како и номинции за Оскар, Златен глобус и БАФТА за најдобра глумица.
Ран живот Пајк е родена во Лондон како единствено дете на оперските пејачи Каролина и Џулијан Пајк. Таткото на Пајк моментално е професор по музика и раководител на оперските студии на Бирмингемскиот конзерваториум.
Поради оперските кариери на своите родители, таа до својата седма година постојано патувала со нив низ Европа. Пајк добила стипендија за училиштето Бадминтон во Бристол, и додека ја глумела Јулија во театарската претстава Ромео и Јулија во Националниот младински театар, била забележана од агент кој и помогнал да ја започне својата професионална кариера.
Откако била одбиена од многу драмски училишта, таа се запишала на студии по Англиска книжевност на колеџот Ведхем во Оксфорд, на кои дипломирала во 2001 година.
Личен живот Покрај англискиот јазик, Пајк течно ги зборува и германскиот и францускиот јазик. Таа знае да свири на виолончело.
Додека живеела во Оксфорд, Пајк била во врска со глумецот Сајмон Вудс која траела две години. И покрај нивното прекинување на врската, тие глумеле љубовници во филмот Гордост и предрасуда. Во август 2007 година, Пајк се верила со режисерот Џо Рајт со кој започнала врска на снимањето на Гордост и предрасуда, кој бил режисиран од негова страна. Нивната свадба била планирана за мај 2008 година, но тој ја откажал свадбата и парот се разделил. Од декември 2009 година, таа е во врска со Роби Унијаки, математички истражувач. Тие имаат два сина, Соло (роден на 6 мај 2012 г.) и Атом (роден на 2 декември 2014 г.).
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1979 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски глумици Категорија:Апсолвенти на Оксфордскиот универзитет Категорија:Добитници на Златен глобус