Горно Осеново — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 2 жители (2024).
Географија и местоположба Селото Горно Осеново се наоѓа во југозападниот дел на планината Рила, на 20 километри од Горна Џумаја. Единствениот пат го поврзува со Долно Осеново.
Историја Горно Осеново е признаено за село во 1955 година, а до тогаш се сметало за маало на селото Долно Осеново.
Демографија На табелата е прикажан бројот на населението во Горно Осеново за периодот 1956-2011: година1956196519751985199220012011население4983005724633015
Етнички состав Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година: националностброј%Бугари1593,75Роми - -Турци - -други - -не се самоопределиле - -не одговориле16,25Вкупно16100 Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.
Редовни настани На христијанскиот празник Духовден и се организира традиционален собор. Секоја година околу црквата „Света Троица“ која е изградена во 1925 година се одржува хуманитарна аукција на која се собираат средства за одржување на црквата. На традиционалниот мајски собир во Горно Осеново доаѓаат и соседите од околните села.
Поврзано Осеновска Река
Наводи
Категорија:Општина Симитли Категорија:Села во Пиринска Македонија Категорија:Рила