Свети Димитриј — македонска православна црква во тетовското село Одри. Се наоѓа лево од Одранска Река, веднаш над селото, во самиот двор на црквата „Св. Никола“. Во минатото на тоа место постоела црква посветена на св. Димитриј, која била разрушена. Селаните во 1883 година ја изѕидале денешната која ја посветила на Св. Никола, а во дворот останал бигорен камен кој бил посетуван за Митровден. На 26 август 2010 година повторно жителите на селото и иселениците удриле камен тмелник на новиот возобновен храм посветен на Свети Димитриј. Се смета дека првобитната црква била изградена во 14 век.СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – АФИРМАТОР НА МАКЕДОНИЈА Наводи
Поврзано Црква „Св. Никола“ - главната селска црква; Одри; Вратничка парохија;
Одри Категорија:Одри Категорија:Македонската архитектура во 2010 година