Браунлаге () — град и бања во округот Гослар, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Сместен е на планинскиот масив Харц, јужно од врвот Брокен. Денес, главна дејност во Браунлаге е туризмот, особено зиме. Скијачки одморалишта во близина се Зоненберг и падините на Вурмберг.

Географија

Браунлаге се наоѓа на сојузните патишта Б4, кој води од Брауншвајг до Нордхаузен и Б27 од Бланкенбург до Гетинген.

Градски единици Градот е составен од три единици: Браунлаге Хоегајс Санкт Андреасберг

Клима

Историја

Браунлаге започнал како шумска населба првпат споменат како „Бруненлое“ (Вrunenlohe) во декрет од 1253 година, која процутела кога Грофовијата Бланкенбург основала леарница во 1561 година. Истоименото грофовија потпаднало под власта на Војводството Брауншвајг-Волфенбител во 1599 година. Во век станал мал пазарен град, а во 1934 година ги добил градските права и статус на здравствен центар.

Во 1963 година започнала изградбата на најдолгата жичница во Северна Германија во должина од 2,8 километри и висинска разлика од 400 метри од градот до планината Вурмберг.

На 7 мај 1964 година, Герхард Цукер прикажал лет на поштенските ракети. Една од тие ракети експлодирала, убивајќи три лица.

Население

мини|Статистика за населението

Година Жители 1821 1.691 1848 2.473 1871 2.288 1885 2.489 1905 3.408 1925 4.520 Година Жители 1933 4.893 1939 4.981 1946 9.489 1950 9.334 1956 7.523 Година Жители 1961 7.163 1968 7.716 1970 7.249 1975 7.266 1980 7.140 Година Жители 1985 6.776 1990 6.148 1995 5.998 2000 5.476 2005 5.142

Култура и знаменитости

мини|Вурмберг околу 1900 година

Спорт

Локалниот хокеј клуб „Харцер Велфе“ (Harzer Wölfe) се важен клуб во Северна Германија.

Постојат неколку скијачки скокалници на Вурмберг, на кои се одржуваат разни натпреварувања.

Знаменитости

Кон Санкт Андреасберг се наоѓа вештачкото езеро Зилбертајх и карпите Ханенклеклипен (Hahnenkleeklippen).

Дике Танен е заштитено природно подрачје близу Хоегајс.

Наводи

Надворешни врски

Туристичка страница за Браунлаге

Категорија:Гослар (округ) Категорија:Градови во Харц