Беата Марија Шидло (; 15 април 1963) — полска политичарка и премиер на Полска. Како потпретседател на националконзервативната партија Право и правда, предводела две успешни кампањи во претседателските и парламентарните избори во 2015 г. Со победата на партијата, била назначена за премиерски кандидат, а потоа застанала на таа функција.
Детство и младост Родена е во скромно семејство на татко рудар во градот Ошвјенќим (Аушвиц) со моминско презиме Кусињска, а пораснала близу Бжешче. Во 1989 г. дипломирала етнографија на Јагелонскиот универзитет во Краков.
Политичка кариера На возраст од 35 години е избрана за градоначалник на Општина Бжешче, а во 2005 г. станала пратеник од Хшанув на Сејмот (собранието на Полска) од партјата Право и правда, со освоени 14.447 гласови.
На партискиот конгрес на 20 јуни 2015 г. Шидло е изгласана за кандидат за премиер на државата на општите избори истата година. Право и правда победила на изборите со освоени 37,6% од гласачкото тело наспроти Граѓанска патформа, со 24,1% од гласовите. Со тоа, Шидло ја заменила Ева Копач на премиерското место.
Личен живот Шидло е мажена и има два сина, од кои едниот е ѓакон, а другиот медицинар.
Наводи
Надворешни врски
Беата Шидло — Сејм на Република Полска
Категорија:Полски политичари Категорија:Премиери на Полска Категорија:Полски етнографи Категорија:Родени во 1963 година Категорија:Луѓе од Ошвјенќим