Претседател на Сојузна Демократска Република Непал (, растрапати) — шеф на државата Непал. Функцијата е создадена по укинувеањето на кралството и прогласување на република во 2008 г. Тековен претседател на државата е Бидја Деви Бандари, избрана во октомври 2015 г. и прва жена на чело на државата. Звањето на претседателот е „Уважениот“ или „Уважената“ (, самананија).
Историја Со усвојувањето на привремениот устав во јануари 2007 г., одземени се сите права и надлежности на кралот, по што Уставотворното собрание се состанало да реши дали да ја задржи монархијата или да прогласи република. Во текот на овој меѓупериод, тогашниот премиер Гириџа Прасад Коирала бил вршител на должноста шеф на државата. На 28 мај 2008 г. собранието го усвоило предлогот за укинување на монархијата, па во јули 2008 г. е изгласан првиот официјален претседател — Рам Баран Јадав.
Претседатели на Непал (2008–) Бр.СликаИме и презимеМандатПартијаСтапилНапуштилДенови —60пГириџа Прасад Коирала<small>(1925–2010)15 јануари 200723 јули 2008Непалски конгрес 160пРам Баран Јадав<small>(1948–)23 јули 200829 октомври 2015Непалски конгрес 260пБидја Деби Бандари<small>(1961–)29 октомври 2015—КПН-ОМЛ
Поврзано Крал на Непал Премиер на Непал Потпретседател на Непал
Наводи
Надворешни врски Претседател на Непал
Непал