Цапарево () — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010

Историја Отоманско Царство мини|250п|Цапрево на поштенска карта. Во текот на XIX век, селото било населено со христијани и било во составот на Мелничката каза а по 1878 година, на Петричката Каза на Серскиот Санџак на Отоманското Царство. Црквата „Свети Димитар“ била изградена во 1847 година.// Община Струмяни. Посетен на 18 декември 2015. Во втората фаза на Македонското востание, Цапарево било главното седиште на Македонскиот востанички комитет.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Цапарево (Tsaparévo) имало 92 домаќинства со 320 Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1000 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1320 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187.

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 4 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 886

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Географија Селото Цапарево се наоѓа на околу 42 километри јужно од регионалниот центар Благоевград, на околу 9 километри западно-југозападно од општинскиот центар Струмјани и на околу 16 километри северозападно од градот Сандански. Се наоѓа во јужните делови на Малешевските Планини, на надморска височина помеѓу Цапаревска Река - од север и североисток, и нејзината мала десна притока - од југ. Надморската височина во центарот на селото е околу 730 m, се зголемува кон неговиот западен дел на околу 790 m, а на падините на север, исток и југ значително се намалува.

Општински пат од Цапарево кон југозапад води до крак од третокласен Републички пат III-1008, кој доаѓа од исток од село Струмјани преку село Микрево, а на запад - со отстапување кон с. Горна Рибница, води до селото Клепало.

Атарот на селото Цапарево се граничи со атарите на: селото Гореме на север; селото Крпелево на североисток и исток; селото Седелец на југоисток и југ; селото Колибите на југозапад; селото Добри Лаки на југозапад; селото Раздол на запад; селото Горна Рибница на северозапад.

Во атарот на селото Цапарево има 10 микробрани.Държавна агенция за метрологичен и технически надзор; язовири, село Цапарево; към 2022 г. Население

+Население на Цапарево по попис Година Год 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 Жителей 1061 1195 1223 1061 813 609 465 336 201

+Население по возраст од 2011 година:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:

Број на население Вкупно 201Бугари 199Турци -Роми 4Останати -Не се определиле - Без одговор 2 Личности мини|Аце Иванов

Наводи

Категорија:Општина Струмјани Категорија:Села во Пиринска Македонија