Пирин — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото Пирин се наоѓа во планинска област, на границата меѓу Среден и Јужен Пирин. Сместено е во историско-географското подрачје Мрвачко во живописната област по течението на реката Пиринска Бистрица. Селото е оддалечено на 2 километри од главниот пат, што го поврзува градот Неврокоп со долината на Струма и граничниот премин Кулата. Селото Пирин се наоѓа на 48 километри сточно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 603 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 141.757 км2.
Историја Османлиско Царство
Селото Пирин е едно од најголемите центри на средновековна црна металургија во Мрвачко. Во селото работеле околу 30 ковачи. Добиените дела главно биле дистрибуирани на пазарите во СерскоГеоргиев, Георги. "Старата железодобивна индустрия в България". София, 1978, стр. 137-141..
Во текот на 19 век, селото е чисто македонско, и припаѓало на Демирхисарската Каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото Пирин се состоело од 120 семејства и 410 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138-139.. Црквата „Св. Никола“ била изградена во 1885 година.
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Во периодот од 1896-1900 година селото паднало под влијание на Бугарската егзархија.Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1 Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1295 жители, од кои 45 Власи и 1250 МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 184..
Во времето на Илинденското востание во 1903 година, во регионот се воделе неколку битки помеѓу востаниците и турските сили. На 1 септември 1903 година кај Пирин се одвила битката на ПиринЕнциклопедия „Пирински край“, Том 1, Благоевград, 1995, стр. 104 - 105. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1280 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото имало едно основно училиште со 1 учител и 38 ученициBrancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 192-193..
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 8 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 870.
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Население +Население на Пирин по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 969 1180 1415 1166 1029 634 476 334 191 174
+Население по возраст од 2011 година:
Културни и природни знаменитости Параклис „Свети Дух“; Пештерите – Јаворова дупка и Змејска дупка;
Редовни настани Секоја година на празникот Духовден (се менува во православниот календар, често во јуни), голем селски собир се одржува во капелата „Светиот Дух“ кај селото. Тука секој даб е именуван по семејство и на празникот секој род стои веднаш до неговото дрво-чувар со истото име. Православниот празник на Светиот Дух е секогаш во понеделник, но во недела селаните одат во областа околу параклисот. Во текот на ноќта се одржува литургија за здравје. Литургија се одржува во самата капела. Подот е покриен со лисја од орев за да ги задржи луѓето здрави како орев. Жените шетаат низ објектот на капелата, држејќи се за раце и пеат локални народни песни. Се прави курбан. Се организираат спортски настани. Специјално за овој ден се пее и игра една религиозна песна за крштевањето на Исус. Бабинден (8 јануари) е еден од големите празници на селото
Наводи
Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија