Плоски — село во Општина Свети Врач, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.

Географија и местоположба мини|Панорама на селото|алт=|лево Селото Плоски се наоѓа во западните падини на Пирин Планина, оддалечено 6 километри од главниот пат E79 и на 16 километри од општинскиот центар Свети Врач, на 62 километри од Горна Џумаја и на 155 километри од главниот град Софија. Сместено е на надморска височина од 544 метри.

Историја Во близина на селото пронајдени се остатоци од тракиско и римско време, но и од средновековниот период. Подоцна за време на Отоманското Царство селото станува турски чифлик.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.340 жители, од кои 750 Турци, 400 Македонци, 190 Роми.

По Балканските војни во Плоски се населуваат Македонци - бежанци од Егенсја Македонија и од областа Каршијак во Пиринска Македонија - главно од селата Игралиште, Махалата, Палат.История. // Плоски. Посетен на 20 декември 2015.

Во 1914 година на највисоката точка во селото е изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Стопанство

Демографија Според пописот од 2011 година, во селото живееле 631 жител.

На табелата е прикажан националниот состав на населението во селото: националностброј%Бугари60195,2Роми/0Турци/0други/0не се самоопределиле/0не одговориле300Вкупно631100 На табелата е прикажан бројот на населението во Плоски за периодот 1934-2011: година193419461956196519751985199220012011население1.3851.6861.8861.8641.4491.287997819631мини|Фолклорна група од Плоски, 1990|алт=

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Иван Катарџиев (6 јануари 1926 - Скопје, Македонија, 1 декември 2018) — македонски историчар, еден од основоположниците на македонската историска наука и академик

Култура и спорт

Иселеништво

Надворешни врски

Наводи