мини|Дејвид Николс „Еден ден“ (англиски: One day) - роман на англискиот писател Дејвид Николс од 2009 година. Врз основа на книгата, во 2011 година бил снимен истоимениот филм.IMDb, One Day (2011) (пристапено на 3.1.2016)

Содржина Романот се состои од 23 глави, групирани во пет дела:Дејвид Николс, Еден ден. Скопје: Три, 2012. Прв дел: 1988-1992 Во почетокот на дваесеттите Прва глава: Иднината Втора глава: Назад во живот Трета глава: Таџ Махал Четврта глава: Можности 53 Петта глава: Правила на игра Втор дел: 1993-1995 Доцните дваесетти Шеста глава: Хемија Седма глава: Добра смисла за хумор Осма глава: Шоу-бизнис Деветта глава: Цигари и алкохол Трет дел: 1996-2001 Во почетокот на триесеттите Десетта глава: Карпе дием Единаесетта глава: Две средби Дванаесетта глава: Да се каже „те сакам“ Тринаесетта глава: Третиот бран Четиринаесетта глава: Татковство Петнаесетта глава: Џин Себерг Четврти дел: 2002-2005 Доцните триесетти Шеснаесетта глава: Понеделник наутро Седумнаесетта глава: Важенговор.док Осумнаесетта глава: Насреде Петти дел: Три годишнини Деветнаесетта глава: Утрото потоа Дваесетта глава: Првата годишнина - Прослава Дваесет и прва глава: Артуровиот престол Дваесет и втора глава: Втората годишнина - Распакување Дваесет и трета глава: Третата годишнина - Лани летоска

Дејството во романот започнува на 15 јули 1988 година, кога Декстер Мејхју и Ема Морли, студенти на Универзитетот во Единбург, се запознаваат по свеченото доделување на дипломите. Тие поминуваат заедно една убава ноќ и утредента секој треба да тргне по својот пат. Декстер прераснува во телевизиска ѕвезда, работејќи како водител на глупави емисии, а Ема работи во мексикански ресторан, сонувајќи да стане писателка. И покрај спротивните карактери, тие стануваат најдобри пријатели. Потоа, во книгата се прикажува нивниот однос во следните 20 години, и тоа секогаш на истиот ден - 15 јули. Притоа, тие созреваат и се помируваат со природата на нивната љубов и со самиот живот.

Изданија на македонски јазик Романот „Еден ден“ е објавен на македонски јазик во 2012 година, од страна на издавачката куќа Три, а во превод на Мирјана Буразер. Книгата е со обем од 396 страници, со димензии од 21 сантиметар, во мек повез. Лектурата ја извршила Васка Кочовска, а книгата е отпечатена во печатницата „Стеда графика“. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-230-051-1.

Наводи

Категорија:Англиски романи Категорија:Дела на Дејвид Николс Категорија:Изданија на Три