мини|Панорама на селото Мечово. 1899 година. Фотографија од браќа Манаки (оштетена плоча) Мечово (; ) — град во областа Епир високо на планините Пинд во Северна Грција, помеѓу Јанина на север, и Метеора на југ. Најголемиот центар на Власите во Грција, Мечово е сместен близу до грчкиот национален пат GR-6 (Јанина-Трикала), исто така и до автопатот „Егнатија“ (А2).

Личности Родени во Мечово

Адам Запекос (1787–?) — просветен деец; Анастасиос Манакис (1785–1864) — револуционер, учесник во Грчката војна за независност; Василе Диаманди — политичар, директор на романското трговско училиште во Солун; Георгиос Аверов (1815–1899) — општественик, филантроп: Димитрие Козакович (1790–1868) — историчар, еден од основачите на Романската академија; Михаил Тосица (1787–1856) — добротвор, банкар, прв грчки конзул во Александрија; Николаос Стурнарис (1806–1853) — добротвор; Стерие Диаманди (1897–1981) — животописец, есеист; и Стерие Флока (XVI век) — полулегендарен местен водач.

По потекло од Мечово

Евангелос Аверов (1910–1990) — политичар, по потекло од Мечово.

Наводи

Категорија:Мечово (општина) Категорија:Населени места во Јанина (округ) Категорија:Градови во Грција