Мала Ниџе — планина во ЛеринскоПланината е сместена во најголем дел во Леринско, но во помали делови навлегува и во општините Воден и Суровичево, Егејска Македонија, недалеку од границата со Р Македонија. Сртот се протега од југоисток кон северозапад, одделувајќи ги Петерското и Островското Езеро од котлината Пелагонија. Највисок врв е Пиперица со 1.998 м. На север реката Брод ја дели планината од сртот Старков Гроб, а на североисток истата преминува во Ниџе.
Населени места На западното подножје на планината се сместени големите села Сетина, Забрдени, Баница и Церово, а на источното се Чеган, Горничево и Петерско.
Во Грција, Мала Ниџе не се поимува како посебна планина, туку како дел од Ниџе.
Поврзано Ниџе
Наводи
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Лерин Категорија:Суровичево Категорија:Воден Категорија:Ниџе